за

Камери во Шпанија ќе ги ловат брзите возачи од километар

Камерите на шпанските автопатишта одвај пропуштаат некој прекршок да не се регистрира. Станува уште построго. До крајот на годинава, Шпанците ќе почнат да користат нов лидарски систем, што гледа од километар, регистрира кога возачот зборува по телефон или нема ставено ремен.

Камери во Шпанија ќе ги ловат брзите возачи од километар

Пребрзото возење е меѓу најтешките прекршоци што може да се направат зад воланот, а последиците од тоа се многу сериозни. Нормално дека сообраќајните органи најостро го санкционираат неодговорното возење.

Заради контрола на брзината на возење по автопатиштата, шпанските сообраќајни органи имаат поставено 80 радари по автопатската мрежа, како и уште голем број други уреди со коишто се регистрираат пречекорувањата на дозволената брзина. Моментно се тестира нов вид уреди, кој наскоро ќе им се придружи на камерите и радарите.

Новата генерација уреди се одликува со ниска тежина и со компактни димензии, што го олеснува и поедноставува нивното поставување. Станува збор за преносни радари, чијашто главна одлика е ласерската прецизност. Тие се базираат врз таканаречени лидари, како комбинација од ласер и радар, кои со својата софистицираност претставуваат основа на автопилотираните возила од највисоко ниво.

Возачите по патиштата во Шпанија е поодобро да се откажат од секаква помисла да возат побрзо од дозволеното. Новите уреди се „невидливи“ за возачите. Нивната тежина изнесува одвај два килограми, што заедно со малите димензии овозможува тие да се постават и на мотоцикл или слично.

Но, „најстрашното“ следи. Новите лидари за брзинска контрола можат да препознаат пребрзо возење на оддалеченост до близу еден километар – иако според сегашните закони, мерењето важи само на оддалеченост меѓу 80 и 100 метри.

Новиот систем ќе биде со повеќе функции: Лидарот ќе регистрира и зборување по телефон, како и неносење ремен

Лидарот овозможува повеќе функции. Покрај тоа што ќе регистрира пребрзо возење, тој „снима“ и кога возачот разговара по телефон или нема ставено ремен. Како заокружување на супермоќите на новите камери, тие можат да снимаат со висока резолуција дури и ноќе.

Доколку тестирањата се покажат успешни, големи се изгледите дека новиот лидарски систем ќе почне да се применува на првите делници веќе во текот на годинава. Шпанците, патем, го контролираат сообраќајот и со дрон, како и преку Pegasus, кој ги следи патиштата од небо.

>>> Шпанија одвои 3,75 милијарди евра за помош на автоиндустријата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston martin db5 junior

Aston Martin за млади 007-агентки и агенти, електричен

Колку заштедуваат благите хибриди на Suzuki на годишно ниво

Колку заштедуваат благите хибриди на Suzuki на годишно ниво?