за

Amazon нарача 1.800 електрични комбиња од Mercedes

Четвртата највредна компанија во светот и најбогатиот човек во светот си поставија возвишена цел, да го создадат најчистиот возен парк од доставни возила во светот. Целта се реализира, Mercedes доби масивна нарачка за електрични комбиња.

Amazon нарача 1.800 електрични комбиња од Mercedes

Онлајн-гигантот Amazon нарача 1.800 електрични доставни возила Mercedes eVito и eSprinter. Тоа е досега најголемата нарачка за електрични возила од германскиот производител.

Автомобилската марка на концернот Daimler и онлајн-трговецот Amazon се здружуваат во заштитата на климата. Mercedes-Benz станува дел од иницијативата за климатска заштита „The Climate Pledge“, што лани ја основаа Amazon и Global Optimism. Членките на оваа организација се обврзуваат целите на париската конвенција за заштита на климата да се исполнат десет години порано од предвиденото, односно веќе во 2040 година.

Стратегијата „Ambition 2039“ на Mercedes има за цел, вкупниот возен парк на германскиот производител да биде неутрален во однос на емисијата на СО2 до крајот на следната декада. Во реализацијата на стратегијата се вклучени сите процеси преку коишто компанијата создава нова вредност, почнувајќи од развојот, преку мрежата од добавувачи, сопственото производство, и секако, електрификацијата на возилата и примена на енергија од обновливи извори.

За Amazon да ги исполни своите климатски цели, неопходно е да се користат возила што не испуштаат штетни материи во испораката на пратки. Поради тоа, концернот нарача од Mercedes испорака на 1.200 возила Sprinter и 600 возила Vito со електричен погон. Тоа е најголемиот единечен налог за електрични возила досега. Истите се очекува да бидат испорачани на Amazon уште во текот на годинава. „Вклучувањето на 1.800 електрични доставни возила е уште еден чекор на нашата определба да го создадеме најодржливиот возен парк од доставни возила во светот“, изјави шефот на Amazon, Џеф Безос.

Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus rx nx ux

Lexus достигна петмилионска продажба на своите СУВ-модели

tesla роботско такси

Вработен во Tesla одбил милионско мито да пушти шпионски софтвер