за

Специјална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

Suzuki ќе изработи специјална серија од GSX-R1000R во ограничен број примероци. Продажбата ќе стартува во октомври, серијата е во чест на стогодишнината на компанијата.

Специјална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

Знаменосецот во понудата од супербајк модели на Suzuki е лакиран во истиот ретро-стил како машината GSX-RR за МотоГП, со традиционална сино-сребрена шема, во чест на првите победнички модели на Suzuki на Гран При трките во 1960-те години.

GSX-R има победувано на трки и освојувано шампионати во САД, Австралија, Велика британија, во класата Сениор ТТ на Островот Ман, а неодамна понесе и три победи на трката во британскиот супербајк на патеката во Силверстоун.

Боите не се единственото што овој мотоцикл го има заедничко со тркачките модели во ГП. Моторот го користи истиот варијабилен систем за контрола на отворањето на вентилите, што има цел да ги зголеми вртежниот момент и крајната моќност. Моделот поседува и комплет електроника што вклучува 10 режими на контрола на тракција, брз менувач и авто-блипер, брз старт и ABS што се приспособува според страничното наведнување на мотоциклот во свијоци.

Во 2020 година се одбежува еден век откако Suzuki Loom Manufacturing е регитрирана како компанија. Производството на мотоцикли почнува во 1952 година, со лансирањето на Power Free. Две години подоцна, компанијата го менува името во Suzuki Motor Co. Ltd. Оттогаш, компанијата произведува бројни легендарни мотоцикли од 20-от и 21-от век, вклучувајќи ја целата серија GSX-R.

Меѓу најважните модели во серијата се GSX-R750F од 1985 година и GSX-R1000 K1 од 200-1 година, исто како и GT750, GSX1100S Katana RGV250, плус низа „бандити“ и секако легендарната Hayabusa.

>>> Suzuki V-Strom 1050XT е мотоцикл на годината според Мото Журнал

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla cybertruck tovarna platforma

Фабриката на Tesla во Тексас напредува брзо, Cybetruck ќе подрани

Volkswagen започна со испорака на електричниот ID.3

Volkswagen започна со испорака на електричниот ID.3