за

Volkswagen започна со испорака на електричниот ID.3

Историски моменти за Volkswagen и за првиот електромобил од новата генерација, семејниот компакт ID.3. Денес е испорачан првиот примерок од моделот. Следните ID-модели веќе се подготвени.

Volkswagen започна со испорака на електричниот ID.3

Најважниот модел во следните години за најголемиот автомобилски концерн стартуваше со испорака денес. Volkswagen вложува милијарди евра во електромобилноста, ID.3 е прв од новата генерација електромобили, што се развиени само за погон на струја.

Свеченото примопредавање на клучевите од првите примероци од Volkswagen ID.3 се одржа денес во седиштата на концернот во Дрезден и Волфсбург. Редовната испорака ќе стартува во понеделник, денес возилата ги презедоа само неколку избрани клиенти. Официјално прв сопственик на ID.3 е жител на германскиот град Пасау.

ID.3 има важна улога не само за Volkswagen, туку и општо за електромобилноста. Со релативно подостапната цена од останатите модели со електричен погон од средната класа што се нудат на пазарот, како и со долгиот досег, ID.3 ќе придонесе за натамошна популаризација на електричниот погон.

Пред крајот на годината се очекува да стартува и сериското производство на СУВ-моделот ID.4, а потоа ќе следи и електрично комби ID. Buzz со ретро-елементи по пример на легендарниот VW Bus.

Вкупно 22 милиони електрични автомобили на концернот до 2028 година

Истата платформа ќе ја користат Audi, Skoda и Seat. Модуларниот систем на заеднички компоненти MEB е основа за голем број идни модели. Планот е до 2028 година, вкупната продукција на автомобили со електричен погон на концернот да достигне 22 милиони примероци.

Моделот во почетокот се нуди во специјална серија со збогатен обем на опременост и неколку посебни детали, со ценовна предност. Стандардните варијанти на моделот ќе почнат да се испорачуваат во октомври.

Производството во фабриката во Цвикау започна во ноември лани. Канцеларката Ангела Меркел тогаш му даде најофицијален карактер на настанот. Од следната година, ID.3 ќе се произведува дополнително во „Стаклената мануфактура“ во Дрезден, во некогашната фабрика на VW Phaeton.

Пазарниот старт на ID.3 првично беше планиран за летоска, меѓутоа истиот беше одложен поради потешкотиите што се јавија околу меѓусебното вмрежување на контролните уреди. Дел од софтверските и онлајн-функции ќе бидат достапни подоцна и ќе се вчитаат автоматски. Во меѓувреме стартуваше и производството на СУВ-моделот ID.4, исто така во Цвикау.

>>> Електричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Специјална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

Специјална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 од Кина ќе се продава на европскиот пазар