Во новите модели на Kia и Hyundai ќе забавува техника од Nvidia

Во новите модели на Kia и Hyundai ќе забавува техника од Nvidia

Kia и Hyundai во соработка со Nvidia, светски лидер во обработка на податоци, најавуваат нова генерација компјутерски системи во своите идни модели. Во автомобилите на корејскиот концерн ќе се вградуваат IVI инфозабавни системи (in-vehicle infotainment), врз база на Nvidia Drive.

Овој систем ќе овозможи автомобилите на Kia и Hyundai да користат најразлични услуги на т.н. „конектиран автомобил“ за функциите на аудиото, видеото, навигацијата, конективноста и вештачката интелигенција.

Предноста на моќната и енергетски ефикасна платформа Nvidia Drive ќе биде во можноста за едноставно и богато да се доживува вештачката интелигенција во возилото. Софтверот што го овозможува тоа иускуство ќе може да се надградува и обновува едноставно.

Групацијата на Kia и Hyundai соработува со Nvidia уште од 2015 година. Системи што произлегуваат од оваа соработка веќе се вградуваат во моделите GV80 и G80 на премиум марката Genesis. Следната новина е унапреден дигитален кокпит, што ќе биде лансиран во следната година.

https://photos.app.goo.gl/u8momEw8xEGNKmoj6

Корејските марки ќе користат нов оперативен систем ccOS (connected car operating system) во идните модели. Системот ќе ја обработува обемната маса податоци од возилото и од неговата мрежа од сензори, исто како и од надворешните податочни центри што се поврзуваат со возилата. Сето тоа треба возењето да го направи попријатно и поедноставно за возачот и за патниците.

Kia и Hyundai се новите членови во европската мрежа брзи полначи

ionity мрежа брзи полначи

Претходна објаваAudi издаде книга за 40-годишнината на quattro
Следна објаваЏо Бајден е голем љубител на брзи автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here