Audi издаде книга за 40-годишнината на quattro

Audi издаде книга за 40-годишнината на quattro

На 400 страници, напишана од ценетиот автомобилски новинар Дирк-Михаел Конрат, книгата за 40-от роренден на quattro ги опишува највозбудливите поглавја во историјата на технологијата што смени многу работи во браншата. Книгата е на германски јазик, наскоро може да се очекува и англиско издание.

Бројни заткулисни приказни, досега необјавени фотографии, комплетни технички податоци и целосна хронологија на Audi quattro се објавени во книгата за 40-годишнината на автомобилот што е од историска важност за целата бранша.

Премиерата на спортското купе Audi quattro на салонот во Женева предизвика општо одушевување. Марката со четирите прстени, со Audi quattro прва понуди автомобил со високи перформанси (200 КС) со постојан погон на сите тркала.

Идејата се роди во зимата 1976/77 при тест-возењата на VW Iltis, кои Audi ги усовршуваше за германската армија. Одличните возни својства на овој модел на мраз и снег ја родија идејата, погонот на сите тркала да се примени во спортски автомобил со високи перформанси. Audi quattro го имаше своето деби на тркачките патеки уште во есента 1980-та и предизвика револуција на рели-сцената. Две возачки и две фабрички титули на светски шампион стојат зад Audi quattro.

Автор на монографијата во издание на Delius Klasing Verlag е познатиот автомобилски новинар Дирк-Михаел Конрат, кој во својата кариера има и уредничка функција во магазините sport auto и Motor Klassik.

Книгата содржи 630 досега необјавени фотографии од архивот на Audi Tradition, а за графичкото уредување беше ангажирана агенцијата ö_konzept.

Audi quattro“ чини 49,95 евра и на 16-ти ноември ќе се појави во германските книжарници (ISBN 978-3-667-11946-9) како и во Audi Shopping World, од каде што може да се нарача под https://shops.audi.com/de_DE/web/tradition/accessoires/literatur, под арт.бр. A2–2316.

>>> Фановите ќе лудуваат: Audi TT RS за 40 години quattro

Audi TT RS 40 Jahre quattro

Претходна објаваLexus најиздржлива марка според холандското здружение на потрошувачи
Следна објаваВо новите модели на Kia и Hyundai ќе забавува техника од Nvidia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here