Холандската организација за заштита на правата на потрошувачите го именуваше Lexus за марка што произведува најиздржливи автомобили. Тоа е резултат од анкетата што ја спроведе организацијата Consumentenbond.
Lexus постигна просечен резултат 8,8 во најновата студија за издржливоста на автомобили што се стари до 10 години. Резултатите се базираат врз одговорите од повеќче од 8.000 сопственици на возила од 27 различни автомобилски марки. Сопствениците одговараа дали имале дефекти со своите возила и колку биле сериозни истите.
Учесниците во студијата избираа меѓу три опции: Поради кој проблем автомобилот не бил во возна состојба, дали автомобилот бил веднаш однесен на поправка и дали поправката била одложена за одреден датум. Врз основа на добиените одговори, студијата покажала дека за моделите на Lexus постои најмала веројатност да се расипат. Притоа, компактниот модел CT има најдобар резултат, со вредност 9,4.
Во сите светски студии со примерна веродостојност предводи Lexus во поглед на квалитетот на изработка и издржливоста
Водечкото место на Lexus во анкетата ја обезбеди титулата на „Најиздржлива марка за 2020 година“. Станува збор за уште едно во низата признанија што ги освои престижната марка на Toyota, вклучувајќи ја истозначната титула во студијата на британскиот магазин What Car? во којашто посебно се покажаа СУВ-моделите RX и NX. Во почетокот на годинава, лимузината Lexus ES постигна историски највисока вредност во студијата за издржливост што ја спроведува познатата американска агенција J.D. Power.
Гаранцијата покрива период од пет години или 200.000 километри. Сосем нови стандарди постави првиот електричен модел, Lexus UX 300e, за кого што како опција се нуди гаранција до 15 години за батеријата, односно до вкупно 1 милион километри.
Сите резулати од студијата
Место |
Марка |
Индекс на издржливост |
1. |
Lexus |
8,8 |
2. |
Subaru |
8,6 |
3. |
Honda |
8,4 |
4. |
Mazda |
8,3 |
6. |
Suzuki |
8,2 |
7. |
Mini |
8,0 |
9. |
Hyundai |
7,7 |
10. |
Kia |
7,6 |
11. |
Mercedes-Benz |
7,5 |
12. |
BMW |
7,4 |
13. |
Dacia |
7,0 |
14. |
Fiat |
6,7 |
15. |
Ford |
6,6 |
17. |
Nissan |
6,5 |
20. |
Audi |
6,4 |
22. |
Skoda |
6,3 |
25. |
Citroën |
6,2 |
26. |
Peugeot |
6,1 |
27. |
Alfa Romeo |
5,7 |