за ,

Најиздржливи и најрасипливи автомобили според TUV

Статистиката е моќна алатка, особено кога истата помага да се инвестира добро при изборот на автомобил. Извештајот на германскиот TUV е непогрешлив.

Резултатите од техничкиот преглед на милиони автомобили што ги објавува познатиот TUV се очекуваат со нетрпение секоја година. Без разлика дали се работи за избор на нов автомобил од салон, или уште подобро, за автомобил што е веќе подолго по патиштата, возачките и возачите добиваат корисна ориентација од заклучоците во извештајот на германската техничка организација.

Покрај податоци за состојбата и дефектите за 8.772.772 автомобили, утврдени при технички преглед во периодот меѓу јули 2019 и јуни 2020 година, одвај да останува сомнеж околу веродостојноста на извештајот на германската организација за техничка контрола TUV.

При законски пропишаниот технички преглед во Германија се проверуваат 150 позиции. Тоа уверува дека ништо не се препушта на случајот. Овие позиции во извештајот се поделени во осум групи: Водење на тркала, пружини и амортизери, управување, осветлување, ножна сопирачка, делови од системот за сопирање, издувен систем и протекување масло. Некои модели отсуствуваат во извештајот, поради тоа има недоволно податоци да се оценува за силните и слабите страни на истите.

Извештајот на TUV е исклучително обемна материја, но заклучоците од истиот се мошне прегледни. Во продолжение следат моделите во одделните категории на старост, кои имаат најмалку дефекти во статистиката. Прво најиздржливите, потоа најрасипливите. За разликата меѓу двете спротивни категории укажува процентот на возила со значајни дефекти што е наведен во описот. Исто така се наведува и податокот за просечната километража на одделните модели.

Најиздржливи модели според извештајот на TUV

Автомобили стари меѓу 2 и 3 години

Mercedes GLC

(просечна километража 56.000 km)

Mercedes GLC и годинава победува во најмладата категорија на возила. Според германските закони, возилата подлежат на прв технички преглед по две години од првата регистрација. Освен за водењето на тркалата, контролорите на TUV немаат забелешки. Тоа и не треба да зачудува, затоа што во сервисните работилници на Mercedes се води голема грижа за возилата да бидат во беспрекорна состојба. Процент на возила со значајни недостатоци: 1,7.

Топ 10

  1. Mercedes GLC
  2. Mercedes B-Class
  3. Opel Insignia
  4. Porsche 911
  5. Mercedes SLC
  6. Audi Q2
  7. Hyundai i30
  8. Mercedes A-Class
  9. Mazda CX-3
  10. Mercedes C-Class

Автомобили стари меѓу 4 и 5 & меѓу 6 и 7 години

Porsche 911 (Typ 991)

(просечна километража 42.000 km & 49.000 km)

Двојна победа за Porsche 991, кој веќе влегува во години, но е во совршена состојба. Просечната километража на возилата стари меѓу 6 и 7 години е 49.000 километри. Просекот за сите модели во извештајот изнесува 95.000 километри. Процент на возила со значајни недостатоци: 2,7 & 4,1.

Топ 10 (меѓу 4 и 5 години)

Porsche 911 Targa
  1. Porsche 911
  2. Opel Karl
  3. Porsche Macan
  4. Mercedes GLE
  5. Mercedes SLC
  6. Volkswagen Golf Sportsvan
  7. Mazda 2
  8. Mercedes B-Class
  9. Audi Q5
  10. Mercedes A-Class

Топ 10 (меѓу 6 и 7 години)

  1. Porsche 911
  2. Audi TT
  3. Mercedes B-Class
  4. Toyota Auris
  5. VW Touareg
  6. Mercedes A-Class
  7. Porsche Cayenne
  8. Mercedes SLK
  9. Audi A3
  10. Audi Q5

Автомобили стари меѓу 8 и 9 & меѓу 10 и 11 години

Porsche 911 (Typ 997)

(просечна километража 73.000 km)

Примероците од Porsche 911 од генерацијата 997 веќе одамна се во рацете на љубители со добар приход и добиваат соодветна грижа. Porsche 997 честопати е втор, трет, па и четврти автомобил во домашниот возен парк. Во комбинација со солидна техника на спортски автомобил, секој технички преглед се одбележува во прослава. Процент на возила со значајни недостатоци: 6,7 & 9,6.

Топ 10 (меѓу 8 и 9 години)

извештај на тув 6-7 porsche 911

  1. Porsche 911
  2. Mercedes SLK
  3. Audi TT
  4. Mitsubishi ASX
  5. Audi Q5
  6. BMW X1
  7. Audi A6/A7
  8. Mercedes GLK
  9. VW Golf Plus
  10. VW Touareg

Топ 10 (меѓу 10 и 11 години)

  1. Porsche 911
  2. Audi TT
  3. Honda Jazz
  4. BMW X1
  5. VW Golf Plus
  6. Mercedes E-Class Coupe
  7. VW Golf
  8. Audi Q5
  9. Mercedes GLK
  10. Ford Fusion

Најрасипливи модели според извештајот на TUV

Автомобили стари меѓу 2 и 3 години

Dacia Duster

(просечна километража 41.000 km)

Романецот со француски корени оддава впечаток дека е цврста машина, но попушта веќе при првиот технички преглед. Водење на тркалата, протекување масло, светлата – тоа се проблематичните подрачја на Duster. Процент на возила со значајни недостатоци: 11,1.

Топ 10

Dacia Duster new

 

  1. Dacia Duster
  2. Dacia Lodgy
  3. Fiat Punto
  4. Ford Galaxy
  5. Dacia Logan
  6. Dacia Dokker
  7. Renault Kangoo
  8. Ford S-Max
  9. Ford Mondeo
  10. Citroen C4 Cactus

Автомобили стари меѓу 4 и 5 години

Volkswagen Sharan

(просечна километража 93.000 km)

Големиот Volkswagen е мошне недоверлив семеен пријател, исто како и претходникот. Тој е практичен за секојдневието, но не е најдобар за TUV. Контролорите се жалат првенствено за водењето на тркалата и за сопирачките дискови. Процент на возила со значајни недостатоци: 20,3.

Топ 10

  1. VW Sharan
  2. VW Passat CC
  3. Dacia Logan
  4. Dacia Lodgy
  5. Seat Alhambra
  6. Dacia Dokker
  7. Dacia Duster
  8. Ford Ka
  9. Dacia Sandero
  10. Renault Kangoo

Автомобили стари меѓу 6 и 7 години & 8 и 9 години

Dacia Logan

(просечна километража 102.000 km & 117.000 km)

Првиот модел на Dacia од новата ера докажува дека не може да се триумфира со стара техника од Renault. Новата генерација на моделот ветува големо поместување во поглед на квалитетот и издржливота, но тоа треба допрво да се докаже. Процент на возила со значајни недостатоци: 30,9 & 34,4.

Топ 10 (меѓу 6 и 7 години)

  1. Dacia Logan
  2. Renault kangoo
  3. Dacia Lodgy
  4. VW Passat CC
  5. VW Sharan
  6. Fiat Puntp
  7. Dacia Duster
  8. VW Passat
  9. Ford Galaxy
  10. Seat Alhambra

Топ 10 (меѓу 8 и 9 години)

  1. Dacia Logan
  2. Renault Kangoo
  3. Dacia Sandero
  4. Renault Twingo
  5. Fiat Panda
  6. Kia Picanto
  7. Renault Clio
  8. Fiat Punto
  9. Ford Galaxy
  10. VW Passat CC

Автомобили стари меѓу 10 и 11 години

Renault Kangoo

(просечна километража 137.000 km)

Kangoo е прочуен како практично возило за сите пригоди, но е познат и како модел што се рангира на последните места во извештајот на TUV. Светлата, управувањето, сопирачките, сето тоа се влошува како што се нижат годините. Процент на возила со значајни недостатоци: 37,5.

Топ 10

  1. Renault Kangoo
  2. Dacia Logan
  3. Hyundai Tucson
  4. Mazda 5
  5. Nissan Qashqai
  6. Citroen C4
  7. Renault Twingo
  8. Peugeot 207
  9. VW Fox
  10. Ford Galaxy

>>> Најиздржливи 50 автомобили според британски What Car

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Mercedes и годинава е партнер на голф-мастерсот во Огаста

Mercedes и годинава е партнер на голф-мастерсот во Огаста