за

Најиздржливи 50 автомобили според британски What Car

Магазинот What Car? објави ранг листа на 50 најиздржливи модели според оцените од сопствениците.

Издржливоста несомнено е одлика на јапонските автомобили. На првите три места на ранг листата на најиздржливи модели се автомобили од јапонски марки. Модели од трите шампионски марки, Toyota, Lexus и Honda, сите добија по 100% за издржливост од нивните сопственици.

Магазинот What Car? праша повеќе од 10.000 возачки и возачи, какви се нивните искуства со ав автомобилите што ги поседуваат, со цел да се изработи ранг листа на најиздржливите автомобили во Британија. Според уредникот Марк Пирсон, „издржливоста е меѓу клучните фактори за повеќето купувачи на користен автомобил, бидејќи расипливи автомобили брзо може да се претворат во главоболка.“

Возачите одговараа дали нивниот автомобил имал какви било дефекти во последните 12 месеци, каков бил дефектот, колку чинела поправката и колку долго возилото не можело да се користи. Според резултатите за минатата година, европските и американските производители буквално се оддувани од нивните ривали од Азија.

Големо изненадување е најдобро пласираниот модел од европска марка – Dacia Duster e на 8-то место како најиздржлив автомобил. Сепак, станува збор за релативно нов модел, затоа што најстарите примероци од Duster во анкетата се од 2018 година. Затоа, пак, одлични резултати има за градското мини Skoda Citigo, коешто во анкетата влегува и со примероци произведени од 2012 година наваму.

Меѓу 10-те најдобри се наоѓаат седум модели до јапонски и корејски марки, вклучувајќи четири модели на Toyota и нејзината луксузна марка Lexus, како и два модели на Hyundai. Хибридите уште еднаш се докажуваат како шампиони во издржливост. Меѓу 50-те модели што издржуваат најмногу, има дури пет автомобили со хибриден погон. Меѓу Топ 5, пак, дури три се хибриди – поточно четири, ако се земе предвид дека RAV4 исто така се нуди со електромотор во погонската спрега.

Најчести дефекти биле електрични проблеми што не се поврзани со моторот. Но, веднаш по нив следат проблеми со моторите и со електриката на моторите, како и проблеми со каросеријата. Во 68% од случаите, поправките биле извршени во рамките на гаранцијата, со 36% од сите автомобили поправени и вратени во возна состојба за помалку од еден ден.

Во истражувањето беа вклучени само возила стари до 8 години, кои учествуваат со половина на берзата на користени автомобили.

Најиздржливите 50 автомобили во Британија според What Car

Toyota RAV4 (2013 – 2019) – 100%

Lexus RX Hybrid (2016 – present) – 100%

Honda Jazz (2008 – 2015) – 100%

Toyota Yaris Hybrid (2011 – 2020) – 99.6%

Lexus NX Hybrid (2014 – present) – 99.3%

Dacia Duster (2018 – present) – 99%

Skoda Citigo (2012 – present) – 98.9%

Alfa Romeo Giulietta (2010 – present) – 98.9%

Hyundai i10 (2014 – 2020) – 98.8%

Hyundai i20 (2015 – present) – 98.6%

Mini Countryman (2017 – present) – 98.4%

Lexus IS Hybrid (2013 – present) – 98.4%

Lexus CT (2011 – present) – 98.3%

Toyota Corolla Hybrid (2018 – present) – 98.2%

BMW X1 petrol (2015 – present) – 98.1%

Volkswagen Up (2012 – present) – 98%

Skoda Superb petrol (2016 – present) – 98%

Mercedes-Benz GLA (2014 – 2020) – 98%

Mazda CX-3 (2016 – present) – 98%

Kia Picanto (2011 – 2017) – 98%

Skoda Karoq petrol (2017 – present) – 97.8%

Volvo XC40 petrol (2017 – present) – 97.7%

Hyundai Ioniq Hybrid (2017 – present) – 97.3%

Toyota Auris Hybrid (2013 – 2019) – 97.2%

Ford Mondeo (2014 – present) – 97.2%

Suzuki SX4 S-Cross (2013 – present) – 97.1%

Volkswagen Tiguan petrol (2016 – present) – 96.9%

Honda Jazz (2015 – present) – 96.9%

Alfa Romeo Giulia (2016 – present) – 96.9%

BMW 2 Series Coupe/Convertible (2014 – present) – 96.8%

Vauxhall Mokka petrol (2012 – 2019) – 96.7%

Skoda Fabia (2015 – present) – 96.7%

Lexus RX (2009 – 2016) – 96.7%

Jaguar I-Pace (2018 – present) – 96.7%

Mercedes E-Class (2009 – 2016) – 96.5%

Mazda 2 (2015 – present) – 96.5%

Mazda CX-5 petrol (2017 – present) – 96.4%

Ford Focus petrol (2018 – present) – 96.4%

Volvo XC40 diesel (2017 – present) – 96.3%

Skoda Karoq diesel (2017 – present) – 96.3%

Mazda 6 (2013 – present) – 96.2%

Ford C-Max (2011 – present) – 96.1%

Mini Hatchback petrol (2014 – present) – 96.0%

Skoda Octavia petrol (2013 – 2020) – 95.9%

Skoda Kodiaq petrol (2016 – present) – 95.9%

Seat Leon petrol (2013 – 2020) – 95.8%

Volkswagen T-Roc (2017 – present) – 95.7%

Porsche Macan petrol (2014 – present) – 95.7%

Renault Captur (2013 – 2019) – 95.6%

Audi Q5 (2018 – present) – 95.6%

>>> Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW serija 4 salon M Kar

Купето од серијата 4 на BMW на почесно место во М Кар

Три германски градови добија 1.600 е-скутери за изнајмување

Три германски градови добија 1.600 е-скутери за изнајмување