за

Купето од серијата 4 на BMW на почесно место во М Кар

Нова ѕвезда во салонот на BMW во Скопје. На местото каде што досега тронуваше серијата 8, македонскиот дом на баварската марка сега пречекува со новото купе од серијата 4.

BMW serija 4 salon M Kar

Во април на завршно тестирање по патиштата околу развојниот центар во Минхен, на 2-ри јуни со дигитална премиера пред светот, на 1-ви јули почеток на сериското производство, на 26-ти септември физичка светска премиера на М-верзиите на големиот Ауто Кина во Пекинг, во октомври веќе во салонот на BMW во Македонија. Толку брзо се движи светот на автомобилизмот денес, барем кога се суди според една од најважните моделски премиери годинава, купето од серијата 4 на BMW.

Бубрезите биле големи, велат. Од противничките табори на BMW му најдоа „мана“ на купето од серијата 4. Значи, никој не приговара дека автомобилот е недоволно динамичен или е недоволно бе-ем-ве, туку бубрезите им биле големи. Така се коментираше по друштвените мрежи, слично како во времето кога дизајнот го создаваше Крис Бенгл. По неговата смена, на сите да почна да им недостига авангардниот стил на Американецот. Денес регионот е преплавен со петки, шестки, седумки со потписот на Бенгл, и никој повеќе не коментира лошо за неговите дела. Толку за бубрезите на серијата 4 што биле големи.

Дизајнерите во Минхен добиваат зелено светло од менаџментот на марката да ги прават овие дизајнерски егзибиции, затоа што – како што народот тоа го кажува најумешно и најверно – им се може. Купето од серијата 4 изгледа посвежо од кој било друг купе-модел од средната класа на баварската марка во историјата од Е36 наваму. Маската, односно бубрезите, тие се како победничко знаме. Каросеријата оддава напнатост, како во секој момент да треба да појде, во секој агол има по некое изненадување и по некој детал што претходно не е забележан.

Колку што е впечатлива маската, уште е повпечатлива линијата со којашто покривот се спушта назад. Опашот веројатно личи како на некој морски предатор, бескрајно долг и со контра-елеганција наспроти моќните контури еден кат подолу на каросеријата. Купето од серијата 4, односно претходно серија 3, во историјата не се помни дека оддавало толку различност од сродната лимузина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во купе-автомобилите е обичај сé да се доработи за уште нијанса подобро отколку кај лимузините. Тоа важи за каросеријата, а важи и при затворањето на задниот поклопец. Ретко се внимавало на таков детал, дури и во автомобили од повисока класа, на звукот што затворањето. Во BMW се внимавало. Вратите без прозорска рамка се симбол на индивидуалноста, вечна желба на возачките и возачите да поседуваат автомобил што се разликува од останатите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тежиштето на купето е 21 милиметар пониско и ширината на трагата на задната оска е зголемена за 23 милиметри во споредба со серијата 3. Распределбата на тежината врз оските е 50:50, целото подвозје е дотерано различно од лимузината. Посебен нагласок е ставен на аеродинамичките својства и на потисокот врз задната оска.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Салонскиот примерок е 430i, што значи дека моторот е дволитарски турбо со 258 КС, кои мајсторски се одржуваат од 5.000 до турбо-нетипични 6.500 вртежи, со 400 Nm меѓу 1.550 и 4.400 вртежи. Спринтот до темпо сто трае 5,8 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h. Основната цена на моделот изнесува 52.490 евра, не вклучувајќи го пакетот M Sport или ласерските светла и останатите опции на експонатот во М Кар. За споредба, лимузината со истиот мотор чини 46.530 евра.

Влезот во гамата го означува 420i, со дволитарец со 184 КС и цена од 45.900 евра. Осумстепен Steptronic е стандард во сите моделски изведби. Врвот го одбележува M440i xDrive со 374 КС, од традиционалниот трилитарски шестцилиндарец на BMW, кој по ново е изведен како благ хибрид, заради строгите СО2-лимити на ЕУ. Дизел-понудата почнува со 420d со 190 КС и цена од 44.990 евра. Секако, круната на гамата следи со M4, поради кого што и целата серија 4 е толку значајна за фановите и за целата сцена. Следно, чекаме M4.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> BMW повторно убедува дека M3 и M4 се цивилни автомобили

BMW M3 BMW M4 Competition premiera

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche taycan discover the unknown

Истражување на непознатото: Porsche Taycan

Најиздржливи 50 автомобили според британски What Car