за

Mercedes и годинава е партнер на голф-мастерсот во Огаста

Четири амбасадори на Mercedes се натпреваруваат за титулата на најдобар голфер во светот, на „The 2020 Masters“.

Mercedes и годинава е партнер на голф-мастерсот во Огаста

Најважниот светски настан на голф-сцената годинава првпат по премиерата во 1934 година се одржува во ноември, место во април. Најдобрите голфери се натпреваруваат за „зелената јакна“ во Огаста. Како партнер на настанот, Штутгарт подготви специјален Mercedes-Maybach GLS 600 4Matic за голф-тимот во Америка.

Најважниот настан на голф-сцената, The Masters, првпат ќе се одржи без публика и надвор од редовниот термин, поради пандемијата. Mercedes-Benz од 2008 година настапува како глобален партнер на настанот и обезбедува превоз за играчите и организаторите. Четворица голфери годинава ги бранат боите на германскиот производител: Бернхард Лангер, Рики Фаулер, Џон Рам и Јан Пултер.

За време на турнирот, на каналите на Mercedes на друштвените мрежи ќе се прикажуваат содржини поврзани со активностите на амбасадорите на марката. https://www.instagram.com/mercedessports/ Најважен дел од содржините е филмот што посебно е изработен за „мастерсот“, со Mercedes-Maybach GLS 600 4Matic. Овој ексклузивен автомобил ќе ги придружува четворицата амбасадоти на патот до Огаста, во сојузната американска држава Џорџија.

Покрај бранителот на титулата Рики Фаулер, меѓу фаворитите за „зелената јакна“ се вбројува Џон Рам. Љубителите на голфот ќе можат да следат ексклузивни содржини на каналите на Mercedes:

https://www.facebook.com/MercedesSports

https://www.instagram.com/mercedessports

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најиздржливи и најрасипливи автомобили според TUV

Lexus најиздржлива марка според холандско здружение на потрошувачи

Lexus најиздржлива марка според холандското здружение на потрошувачи