Шефот на Tesla бара инженери за вработување во неговата фабрика за електрични автомобили во близина на Берлин. Илон Маск лично ќе ги интервјуира кандидатите во текот на денешниот ден.
Маск синоќа слета на аеродромот во Берлин, а според објавите на германските новински агенции, цел на посетата се разговори за вработување во фабриката за електрични автомобили, што моментно е во изградба во близина на германската престолнина.
Шефот на калифорнискиот специјалист за електрични автомобили, на својот профил на твитер најави дека планира денес лично да разговара со кандидатите.
Recruiting ace engineers for Giga Berlin! Will interview in person tomorrow on site. Send resume to 25Guns@Tesla.com.
— Elon Musk (@elonmusk) November 5, 2020
Американскиот производител планира од следното лето да произведува автомобили во фабриката во месноста Гринхајде, во германската сојузна покраина Бранденбург, на оддалеченост од околу 30 километри од Берлин. Посетата на Илон Маск на фабриката во септември доби третман на важен медиумски настан.
Доколку фабриката го достигне четвртиот степен на продукција, таа ќе вработува до 40.000 лица.
>>> Фабриката на Tesla во Берлин мирува, не платиле за вода

















