за

Toyota RAV4 прогласена за најдобар СУВ во Тексас

Тексашките автомобилски новинари му доделија награда на најпродаваниот СУВ на Toyota во Америка.

Toyota RAV4 прогласена за најдобар СУВ во Тексас

Американскиот бестселер на Toyota доби признание од здружението на автомобилски новинари на Тексас. Наградата беше во рамките на манифестацијата во традиционален стил Texas Truck Rodeo. Втора година во низа, теренски оптимираната изведба Toyota RAV4 TRD победува во категоријата на компактни СУВ-модели.

Како еден од најсвежите членови на семејството модели TRD, со нагласени теренски својства, Toyota RAV4 TRD нуди спој меѓу комфор, стил и безбедност. Подвозјето и подот напред првпат се заштитени дополнително со челична плоча. Други обележја на верзијата TRD се мат-црните тркала и подвозјето дотерано од експертите на ова специјално одделение на Toyota. Теренските гуми Falken Wildpeak A/T Trail имаат посебен профил и смеша, соодветно на барањата на TRD.

На возачите на теренски возила им е важна и тежината на приколка. RAV4 TRD тука убедува со 1.600 килограми. Нагласок во внатрешноста ставаат црвените опшивки и црвените облоги. Во својата петта генерација, RAV4 е најпродаван СУВ-модел на пазарот во САД.

Годинава 27 автомобилски новинари оценуваа 39 пикапи и СУВ-модели на посебно подготвена теренска патека. Возилата се оценуваа според внатрешноста, надворешноста, противвредноста, перформансите и привлечноста.

Меѓу финалистите во останатите категории во изборот се изборија и Toyota 4Runner TRD Pro, Tundra Trail Special Edition и Tacoma Trail Special Edition.

>>> По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Путин најави план за намалување на СО2-емисијата до 2030 година

Путин најави план за намалување на СО2-емисијата до 2030 година

Тајна средба меѓу Илон Маск и шефот на Volkswagen

Илон Маск лично ќе ги интервјуира германските инженери за работа во Tesla