Škoda Octavia најдобар семеен автомобил за 2020 според Autocar

Големиот автомобил на чешката марка почна да се продава на пазарот во Велика британија пред само неколку седмици, но тој во својата четврта генерација веќе си обезбеди низа вредни награди. Најнов триумф е наградата за Најдобар семеен автомобил за 2020 година во изборот на Autocar.

Магазинот Autocar годинава го воведе изборот за Најдобар британски автомобил, со цел на купувачите да им посочи на најдобриот избор во неколку категории на возила. За разлика од останатите избори, категориите на Autocar не се темелат врз цената или димензиите, туку земаат предвид многу поширок спектар на опции што купувачите ги бараат кога избираат нов автомобил.

Експертите на Autocar дадоа високи оцени за Octavia поради нејзината практичност, пријатното возење и противвредноста. Уредникот на тест-редакцијата Мет Саундерс коментира: „Таа е комфорна, просторна, квалитетно изработена и добро опремена, а има и навистина моќни, култивирани и штедливи мотори. Семејниот превоз без стресови не може да биде подобар со друго возило освен со Octavia Combi.

Новата генерација на Octavia е поголема, попрактична и поседува повеќе технологија од кога било досега, нудејќи во исто време уште подобра противвредност и подигнувајќи го мерилата за просторноста и квалитетот во кабината.

Пред крајот на годината, на британскиот пазар ќе почнат да се продаваат верзиите со благ хибриден погон e-TEC, исто како и верзијата со приклучен хибриден погон Octavia iV. Следат и нови моделски изведби во гамата на vRS, вклучувајќи за првпат верзија со приклучен хибрид vRS iV, покрај класичните изведби со бензински и дизел мотор, како и верзии со погон на сите тркала.

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Претходна објаваKia со историски рекорд на европскиот пазар во третиот квартал
Следна објаваAudi со пет награди за дизајн од читателите на auto motor und sport

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here