Читателите на германскиот магазин auto motor und sport гласаа за најдобро дизајниран автомобил. Audi ја освои наградата „Autonis“ за пет свои модели: A1 citycarver, A3, A5, RS 6 и Q3 Sportback.
Повеќе од 16.000 читатели гласаа за автомобилите што ценат дека имаат најдобар дизајн, во изборот Autonis на германскиот магазин auto motor und sport. Во половина од вкупно десетте категории во изборот победија моделите на Audi.
„Секој од овие модели е дел од семејството Audi, но во исто време поседува сопствен карактер“, нагласи главниот дизајнер Шеф Лихте, кој ги презеде петте трофеи претставувајќи го целиот дизајнерски тим. „Дизајнот е аргумент за купување број 1 кај Audi. Тоа е една од причините, зошто како премиум марка ни е посебно важно, дизајнот на нашите модели да не нé одушевува само нас дизајнерите, туку ни е важно и да го погодиме вкусот на нашите клиенти.“
Во категоријата градски автомобили победи Audi A1 citycarver со една третина од гласовите. Една класа погоре, меѓу компактите, победа си обезбеди новиот Audi A3 со 19,6 проценти од гласовите. Тој е прв модел на Audi што нуди матрични диодни светла заедно со дигитално дневно светло. Последново се состои од точкесто поле со три редови од по пет диоди, што ѝ даваат посебен белег на секоја изведба на A3.

Најдобро дизајниран СУВ во компакт класата според читателите на auto motor und sport е Audi Q3 Sportback. Победник во категоријата на средната класа е Audi A5, кој освои 36,3 проценти од гласовите. Понатаму, меѓу луксузните модели од вишата класа, титулата ја освои Audi RS 6 Avant со 22,6 проценти од вкупниот број гласови во категоријата.
>>> Фановите ќе лудуваат: Audi TT RS за 40 години quattro

















