Mercedes S-Class паркира сам во катна гаража

Mercedes S-Class паркира сам во катна гаража

Во катната гаража број Р6 на аеродромот Штутгарт, автомобилите во иднина ќе паркираат со една наредба преку телефонот. Новиот Mercedes-Benz S-Class веќе ја поседува техниката што овозможува целосно автоматско паркирање.

Mercedes-Benz, заедно со традиционалниот иновациски партнер Bosch и со операторот со катни гаражи Apcoa, планираат автомобилите на аеродромот Штутгарт во иднина да се паркираат целосно автоматски, без возач. Mercedes и Bosch работат на развој на Automated Valet Parking (AVP) до зрелост за сериско производство.

Новиот S-Class е првиот сериски автомобил што од фабрика добива техника што е потребна за AVP. Таа функција се овозможува доколку се доплати за Intelligent Park Pilot. На тој начин, големиот Mercedes во иднина ќе може самостојно да се одвезе до резервираното место за паркирање, само со една команда на телефонот. Според шефот за автоматизирано возење др. Михаел Хафнер, „со новата S-Class не е само возењето луксуз, туку и паркирањето“.

https://photos.app.goo.gl/ybrPu3MehiuCu3mV6

Техниката моментно се развива во катната гаража P6 на аеродромот во градот на Mercedes. За сé да функционира, покрај тоа што S-Class ја поседува техниката, неопходна е интелигентната инфрастктура на Bosch, како и дигитална flow-платформа којашто е задача на операторот Apcoa. Со сета оваа техника, за паркирањето нема да биде потребен ниту билет, ниту готовина.

Тестирањето во реални услови започнува наскоро, со цел на клиентите да им се овозможи беспрекорна хармонија меѓу возилото, инфрастуктурата и гаражната техника.

Mercedes-Benz S-Class е прв сериски автомобил што располага со функција за паркирање од Ниво 4

Bosch и Mercedes-Benz во јули 2019 година добија посебна дозвола за тестирање на AVP без возач во автомобилот, со неколку примероци од E-Class. Тестирањето се одвиваше во секојдневни услови во гаражата на музејот на Mercedes во Штутгарт. Тоа значи дека при посета на музејот, секој можеше да види како E-Class се движи самостојно до своето место во гаражата.

https://photos.app.goo.gl/vVnQpK4KiZZKccoD9

До пристигањето на S-Class, техниката напредуваше, и со опцијата Intellgent Park Pilot, големата лимузина е прв сериски автомобил што ја поседува технологијата за AVP, за да паркира самостојно, без потреба од возач. Ниво 4 е втората највисока фаза на автоматско возење според SAE.

Хафнер: „Mercedes-Benz преку Automated Valet Parking покажува дека автоматизираното паркирање ќе стане реалност наскоро“

На влезот во катната гаража P6 е изведено големо подрачје за Drop-off и Pick-up. Корисниците на AVP во иднина ќе го оставаат своето возило тука. Додека тие веќе се упатени кон терминалот и се чекираат, нивниот S-Class ќе се паркира самостојно, врз основа на податоците што возилото ги добива од инфраструктурата. Нема потреба од маневрирање во тесен простор и гимнастика при излегување. Во Mercedes веруваат дека оваа функција ќе им биде особено корисна на клиентите, додека се во итаница и важно им е што поскоро да се најдат на терминалот.

>>> Во гаражата на музејот на Mercedes: Возило се паркира автоматски

Mercedes автоматско паркирање во гаража

Претходна објаваAudi со пет награди за дизајн од читателите на auto motor und sport
Следна објаваHummer се враќа како електричен пикап со 1.000 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here