за

Kia со историски рекорд на европскиот пазар во третиот квартал

Во периодот од јули до септември, Kia продала 132.933 возила во Европа. Тоа се 10% повеќе од истиот период лани и историски рекорд е во продажбата на марката на континентот.

Kia со историски рекорд на европскиот пазар во третиот квартал

Купувачите што биле заинтересирани за модел на Kia помалку се премислувале во време на корона-криза, од купувачите на конкурентските марки. Тоа е клучниот фактор што донесе зголемување на пазарниот удел на Kia на 3,6 проценти.

Kia Motors го забележа историски рекордна продажба во еден квартал на европскиот пазар. Според официјалните статистики, Kia во периодот меѓу јули и септември продала вкупно 132.933 возила. Тоа е зголемување за 10.0% во споредба со третиот квартал во 2019 година (120.846 примероци) и подобро од кој било квартал претходно на европскиот пазар. Претходниот рекорд беше постигнат во првото тромесечје лани, кога Kia испорача 132.174 возила.

За растот на продажбата е заслужна и зголемената понуда од хибридни и електрични возила, вклучувајќи благи хибриди, паралелни хибриди, приклучни хибриди и чисто електрични возила. Моделите со електромотор во погонот моментно учествуваат со 28,6 проценти во продажбата на Kia во Европа. Тоа значи дека еден од секои четири продадени возила на марката, може да вози (и) на струја.

Емилио Херера, оперативен директор на Kia Motors Europe, коментира: „По колапсот на европската продажба во средината од годинава, се појавуваат знаци дека пазарот заздравува. Рекордното достигнување на Kia во третиот квартал е комбинација од стагнирањете на пазарната побарувачка и од растечката популарност на нашите возила со електрифициран погон. Растечката понуда од приклучни хибриди и хибриди, како и нашата репутација за квалитет, дизајн и противвредност, значи дека сме добро поставени да излеземе во пресрет на растечкиот интерес на пазарот за напредни погони.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вкупната продажба на Kia во текот на целата година е намалена за 20% (на 311.325 возила), како резултат од пандемијата. Корејскиот прозводител сепак претрпе помал удар отколку европскиот пазар во целина, кој е во пад од 29,3 проценти во споредба со лани. Пазарниот удел на Kia порасна од 3,2 проценти, на сегашните 3,6 проценти.

Моделското семејство на Kia Ceed и растечката понуда од модели со електрифициран погон имаат важна улога во продажбата на Kia годинава. Вкупната продажба на модели со електромотор во погонот (заедно со благи хибриди) порасна на 88.959 примероци годинава.

Kia Niro стана втор најпродаван модел на марката во Европа, заменувајќи се со Sportage

Посебно расте продажбата на Niro, со хибриди и приклучни хибриди, како и на целосно електричниот e-Niro, со зголемување од 24,0% во споредба со првите девет месеци лани и со вкупно 55.588 примероци. Само електричната варијанта учествува со 20.588 возила, со раст од +156.6% во годишна споредба. Моделското семејство Niro моментно е втора најпродавана моделска гама на Kia во Европа, првпат дури и пред Sportage (55.525 возила).

Слично напредува и целосно електричниот e-Soul со раст од +150.6% и вкупно 6.110 примероци). Тоа дава вкупна продажба на модели со приклучок за полнење од 22.913 примероци и раст од +75.8% проценти.

Моделското семејство на Ceed, коешто се состои од Ceed, Ceed Sportswagon, ProCeed и XCeed, го задржа местото на најпродаван модел на Kia во Европа. Марката во компактната класа продаде 83.700 возила или +3.6% во споредба со лани. Тоа се должи на неодамнешното пристигање на варијантите со приклучен хибриден погон во гамата на Ceed Sportswagon и XCeed, како и на дизелските варијанти со благ хибрид EcoDynamics+.

На најголемите пазари во ЕУ почнува продажбата на Sorento, набрзо ќе има нови модели со благ и со приклучен хибриден погон

Изгледите за последниот квартал од годинава се одлични, особено покрај фактот што моментно на главните европски пазари стартува продажбата на новата генерација на големиот СУВ-модел Sorento. Знаменосецот на Kia во овој сегмент првпат вози со хибриден погон, а од почетокот на 2021 ќе се нуди и со приклучен хибрид.

Бројните освежувања ја опфатија гамата на Picanto (35.918 возила), на Stonic (40.295 возила) и на Rio (24.558 возила), а не изостана и моделско освежување на гран-туризмото Stinger. Големи освежувања има кај Stonic и Rio, со соведувањето на варијанти со благ хибриден погон EcoDynamics+. До крајот на годинава се очекува да стартува и новото спортско ниво GT-Line во гамата на кросоверот Stonic. Во меѓувреме во салонот на Kia во Македонија пристигна освеженото моделско годиште на Stonic.

>>> Новиот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

Kia Stonic

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Три германски градови добија 1.600 е-скутери за изнајмување

Три германски градови добија 1.600 е-скутери за изнајмување

Škoda Octavia најдобар семеен автомобил за 2020 според Autocar