Почна долгото патување што како свое крајно одредиште го има прогласувањето на најдобриот автомобил во светот за 2021 година. Во изборот решаваат гласовите на повеќе од 90 автомобилски експерти кои доаѓаат од сите страни на светот.
Објавен е списокот на 24 нови модели што ќе се натпреваруваат за титулата на Светски автомобил за 2021 година. Меѓу кандидатите се наоѓаат дури четири модели со електричен погон, што веќе се нудат или наскоро ќе стартуваат со продажба, вклучувајќи ги Volkswagen ID.4 и Honda E.
Поради пандемијата, изборот за следната година нема да вклучува состаноци и гласање на жирито на повеќе локации ширум светот, како во претходните години. Главниот настан и натаму ќе го означува отворањето на салонот на автомобили во Њујорк, кој в година почнува на 31-ви март.
Тест-возењата на жирито ќе се пренесуваат виртуелно, а за таа цел првпат се организира и World Car TV. Ова шоу ќе ги претставува меѓународните судии и нивните медиуми, кои на публиката ќе им ги презентираат возилата што ги исполнуваат условите за кандидирање. Како и досега, изборот ќе се состои од пет категории: Главна категорија на Светски автомобил на годината, Луксузен светски автомобил на годината, Спортски светски автомобил на годината, Градски светски автомобил на годината и Најдобро дизајниран автомобил во светот. Првата епизода ќе се емитува во следната сабота, на 5-ти септември.

Одбројувањето за финалето ќе започне на крајот на јануари, кога жирито ќе гласа за своите фаворити. На 3-ти февруари 2021 година ќе бидат прогласени Топ 10 во главниот избор и Топ 5 во секоја од одделните категории. На 2-ри март, изборот ќе се сведе на три финалисти во секоја од петте одделни категории.
Првичен список на модели што се кандидираат за изборот за светски автомобил на 2021 година. Списокот може да се проширува со нови модели до 1-ви декември
Кандидати за титулата на најдобар луксузен автомобил во светот за 2021 година:
| Aston Martin DBX | |
| BMW X6 | |
| Genesis GV80 | |
| Land Rover Defender | |
| Polestar 2 | |
| Tesla Model Y | |
| Toyota Mirai | |
| Volvo XC40 Recharge P8 AWD |
Кандидати за титулата на најдобар спортски автомобил во светот за 2021 година:
| Audi RS Q3 | |
| Audi RS Q8 | |
| BMW Alpina XB7 | |
| BMW M2 CS | |
| BMW X5 M / X6 M | |
| Hyundai Veloster N | |
| Mercedes-AMG GLS 63 | |
| Mini John Cooper Works GP | |
| Porsche 718 GTS 4.0 | |
| Porsche 911 Turbo | |
| Toyota GR Yaris |
Кандидати за титулата на најдобар градски автомобил во светот за 2021 година:
| Honda Jazz / Fit | |
| Honda-e | |
| Hyundai i10 / Grand i10 | |
| Hyundai i20 | |
| Kia Sonet | |
| Toyota Yaris / Yaris Cross |
Кандидати за светската титула на автомобил со најдобар дизајн за 2021 година се сите модели во претходните категории.
















