Светската премиера на новата генерација на Lexus IS ќе се одржи на 16-ти јуни, во следниот вторник. Настанот во Токио ќе се пренесува онлајн, премиерата на спортската лимузина е закажана за 8.00 часот наутро по јапонско време.
Престижната марка на Toyota го подготвува следниот голем настан, по премиерата на електричниот UX 300e, како прв Lexus што користи погон само на струја, по воведувањето на новиот ES на европскиот пазар, како и по моделското освежување на RX, особено значаен за како продолжение на лозата на првиот СУВ со хибриден погон во светот.
Овојпат станува збор за IS, спортска лимузина од средната класа, што јапонската марка на преодот во новиот милениум го користеше за на сцената да ѝ докаже дека е подеднакво способна да создаде и нагласено динамичен модел, што ќе предизвика забрзување на пулсот на возачот – тоа им беше потребно на Јапонците, затоа што сцената ги познаваше првенствено во неуништливоста и комфорот на LS. Во тие времиња, спортската динамика не смееше да отсуствува во имиџот на која било марка со припадност во премиум сегментот.
Со заден погон, шестцилиндарец со зафатнина од два литри и совршено дотерано подвозје, IS 200 изненади многумина – во Европа и во САД, затоа што инженерите на Toyota долго време стекнуваа вредно искуство во мотоспортот на домашен терен. Голем момент во историјата на моделто беше и претставувањето на варијантата F, со петлитарски V8 во втората генерација на моделот. Неговата „мета“ беа M3, AMG и RS.
Сега е ред за четвртата генерација, којашто сосем извесно ќе ја користи TNGA-филозофијата на развој на новите модели на јапонскиот концерн. Имајќи предвид дека TNGA е посветена токму на динамиката и на емоциите, треба да се очекува ново големо поглавје во историјата на Lexus IS. Детали околу моделот уште не се спомнуваат, ниту пак циркулираат шпекулации на сцената. Премиерата, значи, следи во вторник, кај нас во 1.00 часот по полноќ.
















