Како Audi ги создава моделите RS?

Како Audi ги создава моделите RS?
Како Audi ги создава моделите RS?

Секоја моделска серија на Audi се крунисува со верзија RS. Станува збор за изведби што се посебни во секој поглед, од дизајнот, преку врвните возни својства и перформанси, до комфорот што клиентите го очекуваат за секојдневието. Секогаш има нешто ново да се дознае, следат неколку интересни факти.

Нирбургринг е легенда меѓу тркачките патеки. Долга 20,832 километри, германската патека е меѓу најпредизвикувачките во светот. Повеќе од 80 проценти се возат под полна гас. Кога производителите тестираат нови модели, оптоварувањето што автомобилите го претрпуваат по 8.000 киломтри на Нирбургринг одговара на стотици илјади километри во нормални услови на возење. Тука се докажуваат спортските автомобили. Модел што ќе постигне најдобро време во патеката во густата германска шума, веднаш стекнува статус на најдобар модел во конкуренцијата.

Но, колку што е важен автомобилот, толку е важен и возачот. Професионалните тест-возачи кои се вработени во автомобилските марки, задолжени се да ги откријат слабостите при развојот на моделот, како и да ги издвојат силните страни. Од тие причини, Нирбургринг е задолжителен при развојот и тестирањето на новите модели на Audi Sport GmbH.

Франк Штиплер е еден од најдобрите познавачи на Зелениот Пекол, наречен така поради тоа што патеката е изградена во густа шума. Овој 45-годишник има постигнато многу за Audi Sport. Негови најголеми успеси се победа на 24 часа Леман во 2012 година, како и на Нирбургринг (во 2012 и 2019 година). Тој беше одговорен и за дотерувањето на тркачкиот болид за GT3-првенството, за Audi R8 LMS. Оттогаш, овој инженер е дел од тимот за развој на суперспортските модели на Audi, за оние со фамозната ознака RS.

https://www.instagram.com/p/CBIeAbQH4-v/

Дело на Штиплер е рекордот на Нирбургринг, кога извозе време од 7:42.253 минути со Audi RS Q8 во минатата есен. Претходниот рекорд беше подобрен за 12 секунди, иако целта на развојниот тим не беше да создадат „само“ автомобил што ќе биде најбрз на легендарната патека.

Секој нов RS-модел го возиме тука најмалку 8.000 километри. Патеката ни дава точни податоци за издржливоста на компонентите во исклучителни услови и за својствата на подвозјето. Целта кај RS Q8 беше сетапот на пружините, амортизерите и ЕЅР, како и на работата на системот за спречување на наведнување на каросеријата и на спортскиот диференцијал.

Оливер Хофман, директор на Audi Sport GmbH

Како што објаснува директорот Оливер Хофман, во секој RS-модел се крие Доктор Џекил и Мистер Хајд. Покрај тоа што спортските модели се одликуваат со брутална моќ и неисцрпна резерва, нивните сопственици честопати ги користат за секојдневно патување, поради што овие модели мора да бидат и комфорни. Треба да се ужива во секој извозен километар.

Вкупно 12 модели со значката RS во понудата

Спортската марка ќерка на Audi има дванаесет RS-модели во понудата:

  • RS 3 Sportback
  • RS 3 Limousine
  • RS 4 Avant
  • RS 5 Coupé
  • RS 5 Sportback
  • RS 6 Avant
  • RS 7 Sportback
  • TT RS Coupé
  • TT RS Roadster
  • RS Q3
  • RS Q3 Sportback
  • RS Q8

Во меѓувреме, на моделите RS им се продава поголемо значење уште од стартот на развојот на секоја нова моделска генерација. Тоа значи дека при конструирањето на одреден нов модел, се земаат предвид напрегањата и конструкциските детали што ќе бидат неопходни за верзијата RS од тој модел.

Сé поголемо значење се придава и на штедливоста, односно на влијанието врз средината. RS 6 Avant, RS 7 Sportback и RS Q8 денес користат благ хибрид со 48-волтна мрежа и исклучување на цилиндрите кај V8-TFSI.

RS Q8 се тестираше цели две години. Со неколку прототипи, инженерите минаа повеќе од 1,2 милион километри, што е исто како 30 пати да се обиколи Земјата. Се тестираше во Финска, Шведска, Франција, Италија, Јужна Африка, Чиле и во САД. Тркачките патеки секако дека не изостанаа, вклучувајкќи го и брзинскиот овал Нардо.

audi rs 2 muzej nekarsulm
Тој е почетокот на целата приказна: Audi RS 2

Во поглед на дизајнот, инспирацијата доаѓа од мотоспортот. Повеќето RS-модели имаат предна маска што е позиционирана и има пропорции како кај R8. Маската е поширока и поставена пониско отколку кај „обичните“ модели, а место хром доминира црна боја. Неколку RS-модели имаат и хоризонтален жлеб над маската, по пример на Audi Sport quattro од 1984 година.

Големи отстапки има и во каросеријата. Најдобар пример за тоа е Audi RS 6 Avant, кој е 80 милиметри поширок од основниот модел и има различни задни врати, преден дел и хауба. Единствено предните врати, покривот и задниот капак се исти како кај стандардниот Avant. Под крилата има простор за бандажи со пречник до 22 инчи. Кај RS Q8, големината достига 23 инчи.

Audi ги произведува своите RS-модели во четири фабрики

Во матичната фабрика на Audi во Инголштат се произведуваат RS 3 Sportback, RS 3 Limousine, RS 4 Avant, RS 5 Coupé и RS 5 Sportback. Од Некарсулм доаѓаат RS 6 Avant и RS 7 Sportback. Во Унгарија, во Ѓер, се произведуваат TT RS Coupé и Roadster, RS Q3 и RS Q3 Sportback. Во словачка Братислава се произведува RS Q8. Во погоните за пресување на Audi се изработуваат посебните делови за RS, кој честопати се изработени и од алуминиум и се испорачуваат до фабриките за монтажа на овие ексклузивци.

Audi RS Q3 и неговите пет цилиндри

Audi Q3 RS

Претходна објаваFord Transit доби 10-степен автоматик од Mustang
Следна објаваBentley произведе 20.000 примероци од СУВ-моделот Bentayga

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here