Ford Transit доби 10-степен автоматик од Mustang

Ford Transit 10-степен автоматски менувач
Ford Transit 10-степен автоматски менувач

Ford започна со производство на верзиите на Ford Transit со 10-степен автоматски менувач. Оваа опција е достапна во комбинација со 2,0-литарскиот дизел со 170 КС, во конфигурација со погон назад и висока носивост (вкупна тежина над 2.380 килограми).

Предностите на новиот менувач се штедливоста, комфорот во возење и издржувањето високо оптоварување. Покрај тоа, новиот автоматик дозволува тежина на приколка до 2,8 тони. Десетстепениот менувач веќе се вградува во пикапите Ranger и F150, како и во Mustang. За полесните верзии на Transit и натаму е достапен 6-степен автоматик.

Уште една способност на 10-степениот автоматски менувач е „учењето“, односно тој се приспособува на моментната ситуација во возењето и го избира соодветниот степен на пренос. Менувачот се координира и со системот старт-стоп, така што се постигнува заштеда и на тој начин. Секако дека за превоз на чувствителен товар е важно тоа што менувачот дозволува меко и рамномерно поаѓање.

Ford разви дваесетина нови технологии што се користат во менувачот. Една од нив е Cidas, Casting-Integrated Direct Action Solenoid. Овој систем овозможува попрецизно дозирање на притисокот во спојката, го скусува времето на промена на степен и постигнуав меко префрлување.

Ford Transit вози на масло од фритеза

Ford Transit вози на масло од фритеза
Ford Transit вози на масло од фритеза

Претходна објаваСите прават СУВ, Volkswagen прави СУВ-кабриолет
Следна објаваКако Audi ги создава моделите RS?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here