Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили

Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили
Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили

Од комоцијата на домот денес може да се нарачаат многу работи, од храна од најразлични национални ресторани, до душеци на попуст, за истите да се испорачаат „безконтактно“ и безбедно до домашниот праг. Отсега, може да се нарача и Mercedes, во германската продажна мрежа на марката.

Испораката на нови автомобили на Mercedes-Benz се врши директно до саканата адреса и без контакти, со почитување на врвни хигиенски мерки. Оваа необична „нарачка“ може да се изврши под поволни услови преку онлајн-продавницата на Mercedes-Benz.

Марката со ѕвездата уште во 2016 година, прва во Германија отвори онлајн-продавница за нови автомобили, а од 2017 година ја прошири понудата и со понуда на користени возила. Од минатиот декември, работи обновена верзија на продавницата, која досега има 400.000 посети.

Во онлајн-берзата на нови возила на Mercedes-Benz постојано има на располагање околу 1.000 автомобили. Покрај бесплатна испорака на нови возила до саканата адреса, преку трговската мрежа на Mercedes-Benz може да се добијат и најразновидни услуги за преземање и враќање на возилото од сервис.

Услов е адресата да биде до најмногу 100 километри од најблискиот центар на Mercedes и да постојат услови за безбедно истоварување на возилото

Mercedes-Benz Online Store е важен составен дел од иницијативата „Best Customer Experience 4.0“. Станува збор за продажба што излегува во пресрет на сменетите барања на клиентите во дигиталната ера. На клиентите им се нуди едноставна и комотна луксузна услуга.

До 2025 година, една чевртина од продажбата на возила на Mercedes-Benz треба да се постигнува преку онлајн-каналите.

Врска до услугата за онлајн-нарачка на автомобил од Mercedes, страницата е достапна само на германски јазик

https://shop.mercedes-benz.com/de-de/shop/neuwagen

https://www.instagram.com/p/B_PgUg7nRHJ/

Претходна објаваToyota повторно произведува во Франција
Следна објаваZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here