Во фабриката во Валенсиен, Франција, повторно се произведуваат автомобили на Toyota. Продукцијата е намалена во споредба со периодот пред кризата, но во моментов е најважно да се почне – да се заштити персоналот, исто така.
Toyota повторно ја отвори фабриката во Валенсиен, на северот на Франција. Фабриакта беше затворена пет недели поради пандемијата од корона. Работата продолжува, но место 4.000 лица што доаѓаат на своето работно место во фабриката во нормални услови, сега тоа го прават само 1.000 лица.
Продукцијата исто така е намалена значително. Место 1.000 автомобили, за почеток од производствената лента секој ден ќе се симнуваат само по 50 возила. Toyota во Валенсиен го произведува Yaris, а од следната година ќе му се придружи и новата СУВ-изведба врз истата основа. Компанијата презеде обемни мерки за заштита на вработените од инфицирање од корона.
Фабриките на Toyota во Полска се следни што продолжуваат со работа
Фабриката на Toyota е прва во Франција што го обновува производството по почетокот на кризата. Домашните компании Renault и PSA најавуваат продолжување со производство, но уште не се наведува точен датум. Toyota ќе ги отвори и фабриките во Полска, додека погоните во Велика Британија, Турција и Чешка засега остануваат во мирување до 4-ти мај.
Kia, Toyota и Skoda со најмал пад во продажбата во март
















