Кризата што ја предизвика пандемијата го донесе светот во ситуација кога поголем успех e ако се претрпи помала штета. Кај некои производители, продажбата во Европа во март, првиот месец под целосен удар од кризата, сведена е на една четвртина од ланската, како што е случај со Jeep, Fiat, Opel или Peugeot. „Шампион“ е Porsche, со пад од само 13% во споредба со март лани.
Во март на европскиот пазар се продадени 853.077 патнички автомобили. Вистинските „бројки“ се покажуваат дури кога продажбата ќе се спореди со март лани, кога пазарот во ЕУ, ЕФТА и Велика Британија регистрирал 1.771.030 нови автомобили. Падот изнесува 51,8% и предизвикан е првенствено од кризата поради пандемијата.
Во продолжение, место вообичаената ранг листа што ја предводат марките кои продале најмогу возила во одреден временски период, ја составивме оваа „вонредна“ листа, почнувајќи од производителите што претрпеле најмал пад во продажбата во март, кон оние што забележале сериозен пад.
Во табелата дополнително се наведени и резултатите на ниво на концерн:
















