Календар со Мис Тјунинг ќе направи секој ден да биде празник

мис тјунинг календар 2020
мис тјунинг календар 2020

Боденското Езеро во Германија секоја пролет ги вдомува најоригиналните и најекстремни тјунирани автомобили од цел свет. Но, тоа што вистински ја вжештува сцената на „Светот на тјунунгот“ е изборот за Мис, со убавици кои ја раздвижуваат публиката. Сега дојде ред, Мис на брзите и лути автомобили да сними и неколку кадри што ќе вредат за секој поглед во цела 2020 година.

Уште е прерано да се планира пречекот на следната година, меѓутоа за некои сега е вистинското време за работа. За Мис Тјунинг, на пример, време е своите убавини да ги препушти на објективот на најсреќните фотографи во светот. Актуелната Мис Тјунинг, Ванеса Кнауф, ќе го разубави секој ден во следната година преку кадрите во календарот за 2020 година.

Овие вредни глетки, не само за љубителите на автомобилизмот, сега може да се обезбедат и за својот дом или канцеларија. Формуларот за нарачки е достапен на линкот, цената на календарот е 20 евра, додека за испорака надвор од ЕУ се потребни уште 30 евра. Станува збор за издание ограничено на 1.500 примероци. Димензиите на календарот се 59 х 43,5 сантиметри.

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Јули

Август

Септември

Октомври

Ноември

Декември

https://www.instagram.com/p/B0Fnv59i51_/

Претходна објаваТандем од Mercedes Unimog влече 200-тонски воз во Амстердам
Следна објаваБатериите за електрични автомобили за две години поевтинеле за третина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here