Најдобриот простор за чекање лет од сите аеродроми во Европа се наоѓа во Брисел и за неговото создавање е заслужен Lexus. Здружение на корисници, специјалисти од подрачјето на туризмот и патувањата, секоја година ги доделува World Travel Аwards за компаниите со најдобри достигнувања. За 2019 година, носител на наградата е „The Loft by Brussels Airlines & Lexus“.
Од отворањето на 25-ти јуни 2018 година, повеќе од 450.000 патници ја посетиле луксузната аеродромска чекална што е изработена според стандардите на Lexus. На површина од 2.040 метри квадратни има простор за најмногу 500 гости.
Чекалната е поделена на повеќе подрачја со различен амбиент и различен мебел. Под луксуз се подразбираат, на пример, кабина за туширање произведена од Grohe, посебни спални со ѕвездено небо, масажни фотелји од Lexus со шијацу-ефект, најдобри белгиски пива за точење и простор за уживатели во аудио-езотеријата, со опрема од Mark Levinson.
„The Loft by Brussels Airlines & Lexus“ се наоѓа на кракот А на бриселскиот аеродром и секој ден е отворен меѓу 5 и 21 часот.
Оваа лимузина е Toyota и за Lexus
Lexus ќе продава дваесетметарски луксузни јахти во САД
Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило
















