за

Фабриката на Seat има тротоари што го пречистуваат воздухот

fabrika seat trotoari zagaduvanje
fabrika seat trotoari zagaduvanje

Во фабриката на Seat во близина на Барселона се изведени бројни проекти за зачувување на животната средина. Дел од нив се тротоарите, изведени од материјал што ги привлекува штетните честички во воздухот и ги разложува.

Честопати пристигаат вести од Марторел, од фабриката на Seat, поврзани со необични и првпат изведени проекти од заштитата на животната средина. Последната вест може да се пристори и како првоаприлска шега, но е далеку од таква. Тротоарите во делот на техничкиот центар на Seat го прочистуваат воздухот.

Фотокаталитичките тротоари се изведени со цементни плочки, кои се обложени со титаниум диоксид. Кога тој ќе дојде во допир со штетните материи, а во исто време и со светлина и кислород, титаниум диоксидот предизвикува хемиска реакција што ги претвора штетните честички од воздухот во нитрати, кои се разложуваат во вода. На тој начин се пречистува воздухот, се чистат и самите плочки, а се уништуваат и бактериите.

Титанските“ тротоари одлично се справуваат со штетните азотни оксиди и со постоечката површина во Марторел можат да поништат 0,8 тони NOx годишно

Површината под фотокаталитички тротоари покрива околу 4.000 метри квадратни. Тоа ја смалува загаденоста за околу 40 проценти. Планот е површината да се зголеми на 26.000 метри квадратни во целиот бизнис комплекс во Марторел.

Во фабриката функционира и нјаголемата соларна фабрика во Европа, со 53.000 фотоволтаички панели со вкупна површпина од 276.000 метри квадратни. Тоа е исто како 40 фудбалски игралишта и годишно произведува повеќе од 17 милиони киловатчасови струја, без ниту грам штетна емисија.

Seat Mii на батерија вози 260 километри со едно полнење

Seat користи суперкомпјутер со моќ на 40.000 обични компјутери

Seat Arona на метан вози 100 km за 150 денари

Seat испробува нови видови на мобилност во фабриката во Марторел

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda mean mover v2 рекорд тревокосачка

Шест секунди до 100 милји на час, со тревокосачка од Honda

nagrada za The Loft Brussels Lexus

Награда за бизнис-чекалната на Lexus на аеродромот во Брисел