Новиот гинисов рекорд за „злобната тревокосачка на Honda“ изнесува 6,29 секунди од место до темпо 100 милји на час. Светски прочуениот болид Honda Mean Mover V2 има подобар сооднос КС-килограм од Bugatti Chiron.
Повторна корекција на рекорди во Гинисовата Книга. Новиот рекорд во категоријата што гласи „Најдобро забрзување од 0 до 100 милји на час со тревокосачка“ е поставен во Германија, на патеката Лаузицринг, во близина на Дрезден. Комплетно новата Honda Mean Mover V2 забрзуваше од 0 до 100 mph за 6,29 секунди. Возачката со заслуги е Џес Кокинс, каскадерка и тркачка.
За рекордот да се признае, „злобната тревокосачка“ мораше пред судиите да докаже дека навистина е во состојба да коси трева. Основата е тревокосачка Honda HF 2622, заедно со кутијата за собирање трева, каросериските панели и предниот дел со сечило.
Тркачка тревокосачка направена според принцип на тркачки болид
Honda Mean Mover V2 е наследник на прочуената и истоимена тревокосачка, што првпат постави рекорд на 8-ми март 2014 година, со крајната брзина од околу 188 километри на час.
Партнерите Honda и Team Dynamics, овојпат се надминаа себеси, со користење компјутерско дизајнирање, специјални делови, скапи материјали, па дури и 3D-печат.
Срцето е четирицилиндарецот од 999 cm3 од Honda CBR100RR Fireblade, со повеќе од 200 КС при 13.000 вртежи. Британците не одолеаја да ја проверат крајната брзина на „злобната“. Резултатот на германската тркачка патека е околу 243 километри на час.
https://youtu.be/666v4d8tYU8
Honda Mean Mower V2 – Основни технички податоци
|
Мотор |
Honda Fireblade SP, 4 цилиндри |
|
Size |
999cc |
|
Моќност |
ca. 200 КС @ 13,000rpm |
|
0-60 mph |
< 3 секунди |
|
Потрошувачка |
35mpg |
|
Оптимални RPM |
13,000 |
|
Сооднос моќност/тежина |
1000bhp/tonne (est.) |
|
Вртежен момент |
116 Nm @ 11,000rpm |
|
Каросерија |
Honda HF2622 тревокосачка |
|
Подвозје |
T45 челик (посебна изработка) |
|
Тежина |
140 kg (approx.) |
|
Должина |
2770mm |
|
Меѓуоскино растојание |
1380mm |
|
Ширина |
1365mm |
|
Тркала и гуми |
|
|
Назад |
Goldspeed DWT Red Label 10” x 8” Hoosier R25B Slick |
|
Напред |
Goldspeed DWT Red Label 10” x 6” Hoosier R25B Slick |
|
Притисок |
1.4 Bar студено / 2.0 Bar загреано |
|
Сечила |
|
|
Механизам |
HF2622 |
|
Мотор |
12v електричен |
|
Ножеви |
2 x 6” композит |
|
Друго |
|
|
Сопирачки |
Напред – Kelgate 4-клипни, со клипови обложени со титан назад – Kelgate 6–клипни, со клипови обложени со титан |
|
Управување |
Kelgate со волан Sparco |
|
Менувач |
6-степен со контроли на волан, магнетни, карбонски & TransLogic PSR |
|
Издув |
Scorpion по посебна нарачка, од титан |
|
Инструменти |
Honda Fireblade SP |
|
Седиште |
Cobra (посебна изработка) |
https://youtu.be/LlVQtXLOzcM
Електричната Honda ќе вози на Фестивалот во Гудвуд во јули
Камери место ретровизори како стандард кај електричната Honda
Honda Civic Type R еднаш со 400 КС, еднаш како рели-машина
Џенсон Батон постави уште рекорд со Honda Civic Type R
















