Светскиот Ф1-шампион од 2009-та, шампион во Супер ГТ и амбасадор на јапонската марка, извозе рекордно време на најголемата тркачка патека во Австралија со стандардна изведба на Honda Civic Type R.
Маунт Панорама многумина ја познаваат како место на одржување на мото-трката Батхарст 1000, секоја година во октомври. Станува збор за исклучително тешка патека и за возачот и за машината. Гледано технички, тоа е улична трка, затоа што во 350-те денови во коишто не се вози трка, по улиците се одвива нормален градски сообраќај. Актуелната должина е 6.213 метри, со 23 свијоци и висинска разлика од 174 метри. Дополнителен предизвик се стрмните делови, од кои дел достигнуваат 16 проценти.
https://photos.app.goo.gl/mW8m4RsFyLRKd89GA
Џенсон Батон е одличен избор за продолжението на серијата рекорди на Honda, затоа што во 2011 година го извозе неофицијалниот рекорд на патеката со Формула 1 болид, со време од 1:48,8 минута. Тоа беше посебен настан со цел да се промовира трката за големата награда на Австралија.
Брзинскиот атак на Батхарст со Honda Civic Type R е продолжение од ланската серија рекорди, поставени на најважните тркачки патеки во Европа. Овој рекордерски предизвик сега првпат се одвиваше надвор од Европа.
Џенсон Батон коментира за најсвежиот рекорд на Type R на Батхарст: „Honda Civic Type R навистина е совршен автомобил за временски предизвик каков што е овој. Тоа е 100% сериски автомобил, излезен директно од фабрика, така што е фантастично да се извози круг за 2 минути и 35 секунди.“
https://youtu.be/fPlHh7cgoB8
Името на електричниот автомобил на Honda e …
Нова наградна игра на Макпетрол: Се игра за Honda HR-V
Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи
Civic Type R составен од 1.300 килограми лего коцки
















