за

Seat испробува нови видови на мобилност во фабриката во Марторел

seat bybus нови видови на мобилност во фабрикат во марторел
seat bybus, марторел, мобилност, фабрика

Повеќе од 13.000 вработени во фабриката на Seat во Марторел ги тестираат новите видови на мобилност. Партнерите Mobike и Bybus помагаат вработените да се движат поедноставно и поеколошки низ фабриката. Користењето на автомобилите се намалува, услугата е бесплатна.

Јавниот возен парк Mobike обезбеди 100 велосипеди за изнајмување за вработените во фабриката на Seat во Марторел. Во изминативе две недели, за користење на велосипедите се пријавиле повеќе од 2.000 вработени и направиле повеќе од 4.700 единечни возења. Во просек се поминувале околу 800 метри за време од пет минути. На тој начин се заштедени 129 часови за трансфер на вработените.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вториот проект се води под името Bybus, развиен е од Seat-Lab и има за цел да се оптимизира јавниот градски превоз, преку можноста автобус да се повика преку мобилна апликација. Проектот моментно е во тек во Барселона. Се постигнува поголема флексибилност на автобуските рути и се зема предвид точното време кога им е потребен превоз на корисниците.

Превозот е важна работа во големите фабрики, како што е Марторел, покрај Барселона; Вработените на Seat минувале во просек по 800 метри со велосипедите на располагање; Втора опција е повикување ван, за превоз на повеќе лица

Овој проект моментно се тестира во втората фаза, на просторот на фабриката во Марторел. Вработените имаат на располагање три возила Seat Alhambra, кои по повик може да ги пренесат до која било локација во фабриката. Потребно е барањето за превоз да се испрати десет минути пред саканото време на поаѓање, со информации за моментната локација, за бројот на патници и за одредиштето. Во првите недели по стартот, оваа услуга ја користеле повеќе од 3.000 вработени.

Seat првпат надмина 200.000 возила за четири месеци

Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford 1.0 Ecoboost svetski motor na godinata 19

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор

Kia Rio Vision

Пристигна новата VISION генерација 2020 година во салоните на Киа Моторс Македонија