Seat тестира четири возила со погон на метан, во коишто се точи биометан. Тестирањето е дел од проектот „Животна метаморфоза“, којшто има за цел биолошкиот отпад во Барселона да се претвора во еколошко погонско гориво.
Отпадот прво се остава да скапува во кули високи по 26 метри. При распаѓањето во период од 30 денови се создава биогас, кој содржи околу 65 проценти метан. За тој да се користи во моторите, потребно е да се изврши негова рафинација. Тоа е најсложениот чекор во проектот. На крајот, гасот се компримира и складира.
Шпанскиот производител го тестира еко-горивото со три возила Leon и една Arona. По 30.000 изминати километри ќе се провери какви траги остава користењето на горивото врз моторите во тест возилата. Отпадот што се собира само во Барселона е доволен да се произведе биометан за 10.000 автомобили што ќе минуваат по 15.000 километри годишно.
Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт
Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан
Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania
Расте продажбата на автомобили со погон на метан
















