Од јануари до април, единствената шпанска марка во големото друштво ја зголемила продажбата за 7 проценти. Април е рекорден, во повеќе земји има двоцифрен пораст. Клучниот збор е: СУВ.
Seat за седум проценти ја зголеми продажбата во периодот од јануари до април и првпат надмина 200.000 возила во истиот период. Поточно, продадени се 202.600 автомобили. Само во април, шпанската марка постигнала 51.100 продажби (+1,8%), што е историски рекорд за овој месец. Солидни продажби постигнува и новата марка Cupra, со 7.900 возила (+82,3%), кои се вклучени во вкупната продажба на Seat.
Четири од секои десет продадени автомобили на Seat се СУВ-модели
Најголем пораст е постигнат во Германија, Алжир и Велика Британија. Домашниот пазар останува најголем пазар за марката, со 40.900 возила (+4,2%) до април. Тоа долго време не беше случај, но Seat во меѓувреме е најпродавана марка во Шпанија, а најпродаван модел е Leon.
Топ 10 Најголеми пазари на Seat:
(продадени возила од јануари до април ‘19)
- Шпанија 40.900 (+4,2%)
- Германија 40.100 (+13,4%)
- В. Британија 25.500 (+7,6%)
- Алжир 11.900 (+18,7%)
- Франција 11.400 (+14,6%)
- Италија 9.600 (+14,4%)
- Швајцарија 4.600 (+13.9%)
- Холандија 4.100 (+22.3%)
- Шведска 2.700 (+14.1%)
- Данска 2.200 (+28.4%)
Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона
Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan
Seat произведува струја со 53.000 соларни панели
















