за

Германски политичар бара и велосипедистите да плаќаат паркинг

velosipedi parkiraliste

Член на германската ЦДУ бара ист третман за возачите на автомобили и за возачите на велосипеди. Андреас Хартник цени дека и велосипедистите треба да плаќаат паркинг. Политичарите сепак се „професионалци“ за ваков тип на логички предизвици. Поголем проблем е тоа што времето за логичко разигрување веќе одамна изминало, кога станува збор за заштита на животната средина и растоварување на сообраќајот по градските улици.

Политичар од редовите на германската ЦДУ и член на советот на град Диселдорф, Андреас Хартник, цени дека автомобилските возачи постојано се напаѓаат во „сообраќајната револуција“, додека велосипедистите секогаш добиваат многу повнимателен третман.

Како што пишува „Билд“, градските власти планираат наплатата на паркинг во центарот на Диселдорф да ја продолжат на 24 часа во шест денови од неделата. Доколку се случи тоа, 50-годишниот Хартник бара да се почитува рамноправност, и соодветно на тоа, велосипедистите исто така да плаќаат паркинг за своите велосипеди.

Противаргументи од колегите на Хартник: Размислувањето за воведување паркинг за велосипеди е исто како да се поставува прашање, дали воопшто се потребни мерки за заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на живот во урбаните средини?

Политичарот понатаму образложува дека јавните пари се користат за постојано подобрување на велосипедската инфраструктура (гаражи за велосипеди, сервиси, држачи за велосипеди, патеки итн), а велосипедистите со ништо не придонесуваат во тие трошоци.

Бидејќи велосипедите зафаќаат драстично помалку простор од автомобилите, паркингот би бил многу поевтин. Хартник предлага да се плаќа паушал, а преку посебна етикета на велосипедите ќе се евидентира дали е платен паушалот. Како алтернатива се спомнува и автомат со лепливи билети, за одреден период.

Volkswagen најавува производство на товарен велосипед – на струја

BMW ги советува вработените да доаѓаат со е-велосипед

Товарни велосипеди ја преземаат доставата на пратки

Десет видови велосипеди за превоз до работа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat prodazba jan-apr

Seat првпат надмина 200.000 возила за четири месеци

skoda superb model osvez

Skoda Superb ќе добие уште посупериорен дизајн