за

Lexus ќе продава дваесетметарски луксузни јахти во САД

Lexus луксузна јахта

Скапоцените автомобили, џиновските јахти и приватните млазни авиони се менуваат наизменично на листата на желби на светските мултимилијардери. Интересот во моментов е на јахтите. На јахта од Lexus, на пример

Спортската јахта е готова, Luxus сега работи на концепт на луксузна јахта. Дваесетметарскиот брод ќе биде готов во следната година и ќе се продава во САД, преку партнерот Marquis-Larson Boat, којшто учествуваше и во развојот на јахтата. Ширината на Lexus LY 650 изнесува близу шест метри. За погонот е задолжен мотор на Volvo. Во трите кабини има место за шест лежаи.

Lexus луксузна јахта 4

Лани Lexus и специјалистот Marquis-Larson конципираа спортска јахта долга 12,80 метри, со голем број иновации. Повеќето од идеите што беа применети таму може да се најдат и во новиот луксузен брод. Матичната марка на концернот Toyota уште претходно разви два спортски чамци и веќе ги продава.

Луксузна стока вредна 1.160 милијарди евра се продала годинава низ светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes E-Class

Mercedes E-Class го натпродаде Audi A6 на германскиот пазар

ford transit mild hybrid

Ford Transit ќе вози со хибриден погон