До појавувањето на освеженото моделско годиште на Skoda Superb останува уште еден ден. Чесите објавуваат кусо видео на коешто се гледа дека нагласокот е на светлата.
Во среда на 23-ти мај, Skoda ќе го претстави освеженото моделско годиште на својот знаменосец Superb. Првпат ќе биде достапна и изведба Scout, со визуелни и функционални додатоци за теренско возење. Премиерата ќе се случи во денот кога се одржува четвртина финалето на светското првенство во хокеј во Братислава, Словачка.
Skoda има долга традиција како спонзор на светскиот хокеј и првпат го користи публицитетот на првенството за премиера на свој модел. Кусо видео ги прикажува главните црти на новиот дизајн на Superb, но е очигледен и нагласокот што се става на изгледот на светлата. Со нив, марката сака да воспостави врска со традицијата на чешките мајстори за кристал.
Новото годиште на Superb е прва Skoda со матрични светла
Skoda Superb ќе добие уште посупериорен дизајн
Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил
















