На овој камион му е вишок „камионот“

db schenker t-pod kamion avtopilot
db schenker t-pod kamion avtopilot

Шпедицијата DB Schenker разви камион кој вози со автопилот. Погонот на струја се подразбира. Пробите ќе започнат уште месецов, камионот без кабина ќе биде прикажан и на јунскиот саем за транспортната бранша во Минхен.

Шпедитерската компанија DB Schenker разви автопилотиран камион со електричен погон, во соработка со шведскиот стартап Einride. Под името T-Pod, ова е прво возило од ваков вид што има добиено хомологација за учество во редовен транспорт. Во текот на мај ќе започнат и пробните возења по неколку избрани јавни патишта.

T-Pod досега се тестираше во шведскиот Јонкопинг, кадешто сообраќаше до и од еден магацин, управуван само од автопилот. Целта е камионот да се пушти во секојдневна примена, да сообраќа меѓу терминал на Schenker и магацин, при што ќе бидат вклучени и неколку стотини метри возење по јавен пат.

Возачката кабина отсуствува, затоа што возењето го надгледува стручно лице од станица во Гетеборг, коешто оттаму може да ги преземе сите команди. Брзината засега е ограничена на 5 km/h, за по потреба да може во секое време да се запре. T-Pod може да се натовари со 15 европалети, а теоретски може да постигне 80 km/h. Со полна батерија се постигнува досег до 200 километри.

DB Schenker и Einride ќе го претстават T-Pod на саемот за транспортна логистика, кој се одржува во Минхен меѓу 4-ти и 7-ми јуни.

Претходна објаваСтинг и Шеги во спот за славеничката серија на Fiat 500
Следна објаваSkoda Superb во ново издание на 23-ти мај, првпат во теренска изведба Scout

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here