Соларни модули на покривот на фабриката Мотомачи создаваат струја за електролизата преку којашто се добива чист водород, којшто на крај се полни во фабричките вилушкари. Комплетно заокружен систем.
Toyota започна со самостојно производство на водород за сопствените потреби, со користење на стопроцентна енергија од обновливи извори. Во фабриката Мотомачи (од кадешто меѓу другото излегуваат Lexus LS, LC & Co.) во префектурата Аичи, јапонскиот производител на автомобили инсталираше нов систем, кој е наречен Simple Fuel. Името можеби е „едноставно“, но не и функцијата. Уредот се користи за производство, акумулирање и достава на водород за возилата што го користат овој гас како погонско гориво. Струјата доаѓа од соларните модули на покривот на фабриката.
Сончевата енергија обезбедува енергија за уредот, којшто по пат на електролиза ја разложува водата на водород и кислород. Дневно се произведуваат до 8,8 килограми водород, кои потоа се компримираат и се чуваат под притисок. Со оваа количина може да се снабдуваат седум до осум вилушкари со погон на водород, кои се користат во фабриката. Simple Fuel е компактен и поради тоа не претставува проблем да се постави во фабриката.
Со цел да ја намали емисијата на СО2 во производството, Toyota постепено ги заменува обичните вилушкари со такви што користат горивна ќелија. Моментно во Мотомачи работат 22 водородни вилушкари од сопственото производство на Toyota. Тие се дел од иницијативата на јапонското министерство за животна средина, со којашто се предвидува до крајот на годинава да се придружат уште 50 возила. Simple Fuel исто така е дел од програмата.
Која е најстарата генерација на Toyota Corolla што ја знаете „во живо“?
Сега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија
Шимојама е местото кадешто се создава совршена Toyota
Toyota вложува 1 млрд. долари во роботските возила на Uber
















