Ford Ranger во „снагаторска“ изведба ќе се вози и во Европа

ford ranger raptor

Титулата на најпродаван пикап во Европа очигледно му годи на Ford. Специјалистот за пикапи на американскиот пазар летово го носи Ford Range Raptor, подготвен за најтешки теренски услови, но и со моќен дизел со 213 КС и 500 њутнметри. Автоматик, секако, десетстепен.

Ford Ranger Raptor уште по името навестува дека станува збор за најробусната и најмоќна изведба на пикапот, кој воедно ја држи и титулата на најпродаван пикап во Европа. Испораките стартуваат налето.

Моделот пристига од одделението Ford Performance, специјализирано обично за модели со кратенка RS или GT ознаката. Моторот е дволитарски битурбо-дизел со 213 КС и 500 њутнметри, комбиниран со 10-степен автоматик.

Не станува збор само за коњски сили, туку многу повеќе за посебно дотерано подвозје, за брзо пробивање по терен – кусо, за забава. Ford продаде 13.600 примероци од Ranger во првиот квартал од годинава, што е за 15 проценти повеќе во споредба со ланското прво тромесечје.

Ширина на трага зголемена за 150 милиметри и уште 51 милиметри плус во растојанието од подлогата

Ширината на трагата на Raptor е зголемена за 150 милиметри во споредба со Ranger XLT, а уште повеќе корист има од растојанието од подлогата што е зголемено за 51 милиметри. Амортизери Fox од 63,5 милиметри работат покруто при брзи и силни удари, односно помеко кога ударите од подлогата се послаби и побавни. Предните пружини имаат од зголемен за 32 проценти, задните за 18 проценти. Задната оска исто така има претрпено многу зафати.

Клиповите во сопирачкиоте клешти се поголеми, дисковите исто така се поголеми (332 mm напред и назад). Гумите од BF Goodrich со димензија 285/70 R17 се посебно развиени за Ranger Raptor.

Способност за понирање во вода длабока до 85 сантиметри

Со 283 милиметри клиренс, способност за понирање во вода длабока до 85 сантиметри, агол на пристап од 32,5 степени и агол на излез и рампа од 24 степени, пикапот е несопирлив и по тежок терен. Дополнително е поставена и заштита оздола, челична плоча дебела 2,3 милиметри.

Возачот може да избира меѓу шест режими за возење по терен: Нормален, спортски, трева/чакал/снег, кал/песок, карпа и „Баха“. Во задниот браник е вградена кука, а пикапот е дозволено да влече до 2,5 тони. Соодветно е богата опремата и специфичен е стилот во кабината.

Ford Ranger Raptor е чиста спротивност на компјутерска игра

Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Пикапот на Ford во служба на велосипедистите на Тур де Франс

Претходна објаваToyota си произведува и водород за своите водородни возила
Следна објаваTesla Model 3 најпродаван автомобил од средна класа во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here