Tesla Model 3 најпродаван автомобил од средна класа во Европа

Tesla Model 3

Teslas Model 3 се продава во Европа одвај неколку месеци, а веќе почнува да владее со пазарот. Електричната лимузина од Калифорнија, во март беше најпродаван премиум автомобил од средната класа на европскиот пазар.

Tesla во март продала 15.755 примероци од Model 3 во Европа, оставајќи ги зад себе Audi A4, серијата 3 на BMW и Mercedes C-Class. Електричниот автомобил бил најпродаван модел во Норвешка, Швајцарија и во Холандија. Во Норвешка, кадешто постојат високи субвенции за електричните возила, Tesla постигнала пазарно учество од 29 проценти. Во европски рамки, Tesla e на 25-то место меѓу производителите, пред традиционалните марки, како Lexus, Jaguar и Alfa Romeo.

Model 3 уште не е достапен на сите европски пазари, а бројките од продажбата би биле уште поубедливи доколку и производителот ги имаше надминато проблемите во логистиката. Но, одличната продажба на „евтиниот“ Model 3 оди на товар на постарите моделски серии на американскиот специјалист. Продажбата кај Tesla Model X се смалила за 52 проценти, додека спортската лимузина Model S има пад од дури 72 проценти.

Tesla пред неколку денови најави зголемување на капиталот и нов заем, кој ќе донесе свежи пари во компанијата. По два успешни квартали во минатата година, калифорнискиот производител забележа загуба во првиот квартал од годинава.

Претходна објаваFord Ranger во „снагаторска“ изведба ќе се вози и во Европа
Следна објаваDacia со рекордни 11.000 возила за три месеци во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here