Volkswagen ги наградува иновациите од вработените со 75.000 евра

volkswagen inovacii nagradi

Вработените во концернот Volkswagen кои ќе видат простор за подобрување во процесите на своето работно место, добиваат до 75.000 евра награда од својот работодавец. На годишно ниво, „изумителите“ во компанијата заработуваат по дваесетина милиони евра

Концернот Volkswagen од 1-ви февруари им исплатува премија во висина до 75.000 евра на своите вработени, кои ќе предложат подобрување во процесите на своето работно место. Тоа е речиси двојно зголемување на висината на премијата. Од почетокот на месецов е поедноставена и постапката за поднесување на иновациите. Во првите неколку денови по воведувањето на новиот систем, вработените доставиле повеќе од 750 идеи за усовршување до Volkswagen AG.

Бернд Остерло, претседател на работничкиот совет: „Најдобрите експерти во компанијата се колегите и колешките на своите работни места“

Практиката за поттикнување на иновативноста на вработените во VW постои веќе седум децении. Идеите се поднесуваат онлајн преку посебен ИТ-систем и се разгледуваат од проценителите и од претпоставените. Вработените можат во секој момент да дознаат во која фаза се наоѓа разработката на нивната идеја. Иновациите, па дури и ситните промени во навидум банални подрачја, можат да му донесат голема заштеда на производителот на автомобили.

https://www.instagram.com/p/BtwQmU9ntGK/?utm_source=ig_web_copy_link

Приближно една третина од вработените во Volkswagen AG поднесуваат идеи за подобрување, од година в година. Само лани доспеале повеќе од 42.000 идеи. Висината на премијата се одредува различно, во зависност од степенот на иновацијата. Во последните неколку години, концернот исплатувал просечно по 23 милиони евра на годишно ниво за иновативните идеи на своите вработени.

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Кога Volkswagen излегува на штанд со B32 и „Erdbeerkörbchen“

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?

Трамп на твитер се израдува за инвестицијата на Volkswagen

Претходна објаваЕлектричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината
Следна објаваSkoda најавува електричен концепт Vision iV за Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here