Фановите на Volkswagen знаат за што станува збор. B32 е комбе со мотор од Porsche 911, додека оној очигледно германски збор во насловот се однесува на прекарот на Golf Cabriolet I. Ретки историски модели беа изложени на салонот за олдтајмери во Бремен.
Кога Volkswagen им испраќа на своите фанови кодирани пораки од типот на „B32“ или „ Erdbeerkörbchen“, тоа е сигурна најава дека нешто големо се случува на сцената. Викендов во германскиот град Бремен се одржа традиционалниот салон на олдтајмери, кадешто Volkswagen меѓу другото ги изложи двете возилата на коишто се однесуваат двата кодови: B32 е специјална изведба на комбито T3 со мотор од Porsche 911, а вториот код се однесува на „корпа за јаготки“. Таков прекар Германците му дадоа на Golf Cabriolet од првата генерација, поради заштитниот лак зад предните седишта, со што кабриолетот им личеше на корпа за слаткото овошје.
⇒ Прототип на кабриолет изведба од Golf на каросериската работилница Karmann уште во 1976 година; Во оваа изведба отсуствува препознатливиот заштитен лак
https://photos.app.goo.gl/GWzcpduHc7gVTQLN7
Секако дека главното внимание го привлече Caravelle, од третата генерација на транспортерот на VW, кој дополнително поседува и ниво на опрема Carat, мошне луксузно за тоа време. Во сообраќајната книшка, како производител на возилото стои Porsche. Спортската марка произведе мала серија од ова суперкомбе во 1980-те години. Тоа се користеше како пратечко возило за рели-тимовите, и со шестцилиндарскиот боксер од 3,2 литри назад, со моќност од 231 КС, постигнуваше крајна брзина од 185 km/h. Заради потребата од дополнителен простор, задниот дел од подот на T3 е подигнат за 15 сантиметри во споредба со обичниот модел.
⇒ Porsche изработе мала серија од VW T3 B32 со 3,2-литарски боксер од Porsche 911
https://photos.app.goo.gl/8LEKiZCNx9uePzXr6
https://photos.app.goo.gl/CW1dCSuvD7q5GwJq7
За второто автомобилско насладување беше задолжен првиот прототип на кабриолет од Golf, когошто каросерискиот специјалист Karmann го изработи самостојно уште во 1976 година. Тоа се случи во исто време кога заврши производството на кабриолет-изведбата на бубата. Независно развиениот кабриолет нема лого на Volkswagen, а го нема ниту заштитниот лак, кој е своевиден заштитен знак на сериската верзија на првиот Golf Cabriolet. Лакот беше воведен поради американските безбедносни норми. Во Бремен се прославуваа 40 години на Golf Cabriolet. На штандот се најде и модел од 1984 година, во ретката капри-сина боја.
⇒ Сериската изведба на кабриолетот од Golf со заштитниот лак, од кадешто потекнува прекарот „корпа за јаготки“
https://photos.app.goo.gl/P3DFqF8AH7i2BPTH7
https://photos.app.goo.gl/QsXcAAxwBVBzMmHg6
Посебен спектакл беше реставрацијата на „буба“ од 1968 година, која за трите денови на салонот доживеа комплетно освежување директно пред публиката и ќе биде дел од поставката во музејот на Volkswagen.
Комбе со карактер на спортско купе
Трамп на твитер се израдува за инвестицијата на Volkswagen
Ford и Volkswagen потпишаа соработка
Volkswagen ќе произведува електрични автомобили во САД
Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка
















