за

Трамп на твитер се израдува за инвестицијата на Volkswagen

Доналд Трамп инвестиција Фолксваген

За американскиот претседател Трамп, инвестицијата на Volkswagen во висина од 800 милиони долари во фабриката во Тенеси е „голема победа.“ Во вообичаен манир, тој не пропушти да ја покаже својата одушевеност од чинот со објава на твитер. Мал проблем може да биде тоа што VW таму ќе произведува електрични автомобили, кои не се особено по вкус на претседателот на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави баснословната инвестиција на Volkswagen во производството на електрични автомобили во земјата. Трамп преку твитер честиташе за изборот на фабриката во Чатануга, Тенеси, како локација за производство на возилата. Според Трамп, оваа одлука на Volkswagen претставува „голема победа!“

Volkswagen во понеделникот објави дека ќе започне со производство на електрични автомобили во САД, стравувајќи од заканите за воведување американски царини за увозни возила. Како резултат од тоа, авто-гигантот ќе инвестира 700 милиони евра во проширување и подготовка на фабриката, за производство на електрични автомобили. Во 2022 година, оттаму ќе излезе СУВ-моделот со погон на батерии, ID. Crozz, како дел од триото електрични автомобили врз платформата MEB.

Дали европските компании ќе го одвратат Трамп од намерата да воведе царини за нивните автомобили?

Според шефот Дис, големата инвестиција може да се претолкува како чекор што ќе го убеди Трамп да се откаже од намерата за водедување царини за увозните автомобили во САД. Европските марки, кои извезуваат огромни контингенти возила преку океанот, веќе со месеци стравуваат од заканите на американскиот претседател. Поскапувањето на возилата би претставувало голем товар за браншата.

Трамп ги кани германските авто-босови во Белата Куќа

Кој го сака кабриолетот на Трамп?

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai попусти германија акција

Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел

adl avtobus pogon vodorod

И тој е двокатен, но користи водород како погонско гориво