за

Ford и Volkswagen потпишаа соработка

ford volkswagen sorabotka

Ford и Volkswagen ги објавија првите договори за соработката. Цел е да се зајакне конкурентноста на обете претпријатија и да се подобри понудата за клиентите, во периодов кога се случуваат брзи и радикални промени во автомобилската бранша

Џим Хакет и Херберт Дис, двајцата шефови на Ford и Volkswagen, го потпишаа првиот договор за заеднички развој на доставни возила и пикапи со средна големина. Возилата ќе стартуваат со продажба во 2022 година и ќе бидат наменети за глобалниот пазар. Алијансата ќе инвестира во заеднички платформи, коишто ќе се одликуваат со врвна конструкција и со напредни технологии.

Директорите на Ford и Volkswagen потпишаа и меморандум на разбирање, како основа за соработка во автономни возила, услуги за мобилност и електрични возила. Не се исклучува можноста за соработка и во други сегменти на возила. Тимовите ќе работат на деталите во следните неколку месеци.

Со алијансата ќе управува заеднички гремиум, којшто ќе се состои од врвните менаџери на двете компании, а со него ќе раководат директорите Хакет и Дис. Не се планира размена на удели меѓу двете компании.

Соработка во подрачјето на доставните возила и пикапите

Ford и Volkswagen имаат релативно широка понуда од лесни товарни возила, вклучувајќи ги познатите модели Transit и Ranger на Ford, односно Transporter, Caddy и Amarok на Volkswagen. Двете фирми лани испорачале околу 1,2 милион лесни товарни возила на светскиот пазар. Планот е алијансата да го преземе лидерството во ова подрачје.

Во следните пет години се очекува зголемување на побарувачката за пикапи и доставни возила со средна големина на светскиот пазар. Преку алијансата ќе се постигне заштеда во развојните трошоци, ќе се зголеми степенот на искористеност на фабриките, ќе се развијат возила кои ќе бидат пред конкуренцијата и ќе се намалат трошоците. Двата производитела притоа ќе ги задржат посебните белези на своите марки.

Во рамките на соработката, Ford ќе развива пикапи со средна големина, кои треба да стартуваат со продажба во 2022 година. Покрај тоа, Ford планира развој и производство на поголеми транспортери за двете компании, наменети за европскиот пазар. Volkswagen, пак, ќе развие градски ван за двете марки.

Volkswagen ќе произведува електрични автомобили во САД

Ford напредува на германскиот пазар повеќе од VW и BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салон на автомобили Детроит

Што остана од салонот во Детроит?

hyundai попусти германија акција

Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел