Домашните производители на автомобили годинава имаа голема шанса да се покажат во најдоброто светло на салонот во Детроит, во отсуство на големите европски марки, кои масовно се откажаа од учество на салонот. Но, шансата остана неискористена. За в година, Наиас се поместува во јуни
Салонот на автомобили во Детроит или кусо NAIAS, годинава последен пат се одржува во јануари. Од следната година, манифестацијата се поместува во јуни, во надеж на организаторите дека тоа ќе ги зголеми посетеноста и интересот на компаниите да изложуваат на салонот. Мали се изгледите дека новиот датум ќе ги врати странските марки во „Детроит“, затоа што токму одржувањето на салонот во првите денови од новата година даваше убава симболика на настапот во колевката на американската автоиндустрија.
Забавата отсекогаш го следеше настанот што со години наназад ја отвораше секоја нова сезона автомобилски салони; Овојпат отсуствуваа големите ѕвезди од јавната сцена и од автомобилската сцена
Тоа што недостига годинава се вистински новитети што се важни за светската автомобилска сцена. Домашните Ford, General Motors и Chrysler пристигнаа со неколку интересни новитети, меѓутоа отсуствува забавната атмосфера која отсекогаш ставала силен печат на овој салон во срцето на Детроит.
https://photos.app.goo.gl/B94DRTbbGpzxH3Li7
Volkswagen се обидува да ја спаси лимузинската каросериска форма од изумирање на северноамериканскиот пазар, претставувајќи ја новата локална верзија на Passat. Toyota премиерно ја прикажува петтата генерација на Supra, во којашто сите прво гледаат близначка на BMW Z4, а дури потоа автомобил што треба да го продолжи култот на овој модел. Cadillac продолжува со обидите да се докаже како вреден конкурент на европските премиум марки.
https://photos.app.goo.gl/afEbKmhfXUdwLsJi6
Германскиот производител има големи надежи со новата генерација на американската верзија на Passat, којашто нема ништо заедничко со европскиот модел и уште ја користи старата платформа PQ35. Единствената моделска варијанта вози со дволитарски турбо со 174 КС, погон напред и шестстепен автоматик.
https://photos.app.goo.gl/xiMKRtrNFNxG5Qe66
Поинтересно е на штандот на Subaru. Јапонскиот специјалист за погон на сите тркала го претстави STi 209, како свој најспортски модел досега. Турбо-боксерот од 2,5 литри ослободува 341 КС и ќе им служи само на малкумина. Серијата е ограничена на 200 примероци и сите се резервирани за САД.
Mercedes, Tesla, Porsche, Volvo користат други манифестации за своите премиери
Audi, Porsche, Jaguar, BMW, Mercedes и Tesla го прескокнаа салонот во Детроит. Повеќето од овие производители го искористија саемот за забавна електроника ЦЕС во Лас Вегас. Американските производители имаа одлична шанса да се покажат во најдоброто светло на салонот и да преземат целосна доминација. Домашните компании сепак имаат други, многу поголеми проблеми. Лимузините од средната и вишата класа се продаваат сé послабо, понудата од модели протетчува, се затвораат фабрики.
Во продажбата од 18 милиони автомобили годишно, најголем удел имаат моќните пикапи од Ford, Chevrolet и Dodge, кои таму се водат како на камиони. Електричниот погон, во сите негови варијанти и видови, речиси никој не го забележува. Главниот збор го имаат спортските модели, џиновските СУВ-модели, и секако, тешките пикапи.
https://photos.app.goo.gl/7NiEfNSojFTBE8ub8
Шампион во последнава категорија е RAM 3500 Heavy Duty, кој е достапен со 6,4-литарски V8, но и со 6,7-литарски дизел. Со вртежен момент од 1.350 њутнметри, RAM може да влече дури 16 тони. Ако тоа е недоволно, постои друг начин да се ужива во моќта на моторите: Ford Mustang Shelby GT500 со 709 КС и 3,5 секунди за спринт до темпо сто. За ориентација: Тоа е најсилниот сериски Ford на сите времиња, посилен дури и од суперспортскиот Ford GT. Овој болид со механички компресор е резервиран само за САД.
https://photos.app.goo.gl/z2D9PPBRtDQprJWR6
Ford уште не го прикажува новиот Bronco, но затоа го пушти новиот Explorer на салонот. Постојат шанси големиот СУВ да се појави и на европскиот пазар, по примерот на спортскиот модел Mustang. Освен во спортска изведба под ознаката ST со 400 КС, големиот теренец е достапен и како хибрид со системска моќност од 318 КС.
https://photos.app.goo.gl/VTHDqgAaDS5WbkG86
Наспроти тоа, мали се изгледите дека новиот Cadillac XT6 ќе им се понуди и на европските купувачи. Со дизајн што веќе прерасна во класика и со невозбудлива техника под хаубата, престижниот теренец треба да им се спротивстави на големците од типот на Mercedes GLE или Audi Q7.
https://photos.app.goo.gl/q5cWcjkzNmgRZQNR7
Голем новитет има кај Kia, и тоа буквално. Telluride е најголемиот модел што Kia го има произведено досега, долг пет метри, со 3,8-литарски V6 со 291 КС. Во истата категорија спаѓа и Infiniti QX Inspiration, но само како најава за некој иден модел на престижната марка на Nissan. Електричниот погон се подразбира.
https://photos.app.goo.gl/FqRjMQHDc1FBeTKf9
Следниот NAIAS се одржува в година во јуни. Во меѓувреме, одржувањето на уште еден салон за автомобили може да биде ставен под знак прашање. Моторшоуто во Чикаго се одржува во февруари. Таму ќе има уште помалку случувања отколку во Детроит. Производителите во секој случај не трпат штета. Исто како што саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас стана важен датум и место во агендата на големите автомобилски марки, така во иднина нови „саеми“ ќе ја привлекуваат автомобилската бранша.
Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?
Електричниот автомобил што Америка го имаше, но не го сакаше
Shelby GT500 е Супермустанг: Најбрзиот сериски Ford во историјата
Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето
















