за

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?

volkswagen fabrika emden

Концернот Volkswagen планира изградба на фабрика за автомобили од повеќе марки во Источна Европа. Но, прво ќе се прави процена дали некоја од постоечките фабрики за мотори може да се пренамени во фабрика за автомобили. Електричниот погон донесе многу промени во браншата

Нова фабрика на Volkswagen или решение за старите фабрики? Менаџментот на автомобилскиот гигант бара реализација на планот за изградба на фабрика за повеќе марки од концернот Volkswagen во Источна Европа. Прво ќе се анализира дали е подобро решение да се интервенира во постоечките фабрики, место да се инвестира во нова локација. Тоа може да биде случај со фабриката за мотори во Залцгитер, во полското Полковице или во Ѓер, Унгарија. За изградба на нова фабрика би се решавало во ноември 2019 година, кога надзорниот одбор на Volkswagen ќе ја одржи следната седница за планирања. Како можни локации се спомнуваат Бугарија или Романија.

Фабриките за мотори повеќе нема да произведуваат со полн капацитет, Volkswagen преоѓа во ерата на електромобилноста

Фабриките за мотори се под силен притисок, затоа што моментно се вложуваат огромни суми во електричниот погон. Volkswagen го следи општиот тренд во браншата и се префрлува на електромоторите, чиешто производство е поедноставно и побрзо во споредба со моторите со внатрешно согорување. Тоа не значи друго, освен намалување на бројот на работни места.

Најголемиот производител на автомобили во светот, во средината на ноември најави дека во следните пет години ќе ги зголеми инвестициите во електромобилноста, автономното возење и дигитализацијата на 44 милијарди евра. Од тоа, дури 30 милијарди се наменети за електромобилноста. Шефот Херберт Дис тогаш најави дека производството на Skoda Karoq и Seat Ateca треба да се пресели во нова фабрика за повеќе марки, за којашто се бара локација во Источна Европа,

Поради слабата продажба, Volkswagen Passat наскоро ќе се пресели во фабриката на Skoda во Чешка
Поради слабата продажба на Passat, фабриката во Емден произведува со половина капацитет

Skoda во меѓувреме произведува со полн капацитет во сите свои фабрики и шефот Бернхард Мајер уште пред повеќе месеци посочи на потребата од нова фабрика. Концернот сепак нема да пристапи кон изградба на нова фабрика само за чешката марка, туку за повеќе марки. Пред да се донесе решение за тоа, менаџментот ќе процени дали е подобро некоја од фабриките за мотори да се пренамени во фабрика за автомобили.

Volkswagen неодамна најави дека освен во Цвикау ќе произведува електрични автомобили и во Хановер и Емден. На тоа следеше и објава дека фабриката во Емден ќе престане со производство на модели со мотори со внатрешно согорување во 2027 година.

Проблемот со слабата ефикасност во оваа фабрика ќе се надмине со преземањето на производство на електрични автомобили, со што годишната продукција ќе се зголеми на максималните 300.000 возила. Од 2023 година, во Емден ќе се произведуваат до пет модели од трите марки Volkswagen, Skoda и Seat. Овие големи промени се случуваат поради драстично смалената продажба на Passat. Пазарот се помалку се интересира за традиционалниот модел на Volkswagen и досега неколкупати беше прекинато производството во фабриката во Емден. Поради тоа, производството на Passat ќе се пресели во Чешка.

Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi L200 nov

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

автоматски менувач, мануелен менувач

Добриот стар мануелен менувач повеќе не важи