Големата лимузина на Citroen доаѓа во 2018: Прво во Кина, а Европа ако сака

Секоја автомобилска марка што сака да се вмеша во премиум лигата мора да има голема лимузина. DS, престижната марка на Citroen, подготвува таков модел, но главен пазар е кинескиот.

Благородната подмарка на Citroen, именувана според легендарниот модел DS од 1950-те години, во 2018 година ќе претстави голема лимузина како поткрепа за премиум статусот што таа го прокламира како трета марка во концернот PSA Peugeot Citroen. Знаменосецот под развојна ознака DS8 ќе стартува на кинескиот пазар, за потоа да пристигне и во Европа. Лимузината од вишата средна класа ќе има каросерија со големина споредлива со Audi A6, но техничката подлога ќе доаѓа од приспособливата платформа EMP, којашто ја користат и моделите од компакт класата Citroen C4 Picasso и Peugeot 308. Изгледот на идниот знаменосец ќе се раководи според студиите Numero 9 од 2012 година и Divine DS од 2014 година.

Кина ќе биде главен пазар за идниот DS8, каде што францускиот концерн може многу полесно да ги убеди купувачите во премиум статусот на новиот бренд. Европскиот пазар е повеќе свесен дека Citroen веќе со генерации модели наназад нема постигнато успех во повисоките класи и во моментов ја засновува продажбата на нашминканата верзија на C3, прикажана лажно како член на моделското семејство C4 и со додавка Cactus. Кросоверот DS 6 и лимузината DS 5 LS исто така се достапни само на кинескиот пазар.

Претходна објаваКолку се рециклирани нашите автомобили?
Следна објаваOpel Insignia назад во сервис: Капакот може да падне на глава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here