Citroen подготвува модел со 300 КС за Кинезите

DS 5LS

За салонот во Пекинг е најавена премиера на концептниот автомобил Citroen DS 5LS R. Без разлика што идниот сериски модел ќе се продава само во Кина, јасно е дека француската марка ги буди спортските гени.

На лимузината DS 5LS што од неодамна се продава на најголемиот пазар во светот може наскоро да ѝ се придружи спортската варијанта што ќе произлезе од студијата најавена за салонот во Пекинг. По концептните автомобили DS3 Cabrio Racing и DS4 Racing, ова е веќе трет модел во гамата на DS што се повикува на спортските гени на француската марка.

Спојлерите, праговите и дифузорот на спортскиот концепт се изработени од карбон, каросеријата е спуштена за 15 милиметри, а бандажите се со пречник од 20 инчи. За подобрување на стабилноста е проширена и трагата на предната оска. Исто како DS3 Racing, лимузината вози со 1,6-литарски турбо бензинец со 300 КС и 400 њутнметри, во комбинација со секвенцијален менувач. Специјалниот лак во кармин црвена боја и сивите украсни панели на вратите ја нагласуваат припадноста во семејството R. Внатрешноста е изведена со алкантара, мека телешка кожа и испечатени логоа со буквите DS. Французите засега не откриваат дали сличен модел може да се појави и на европскиот пазар.

citroen ds 5ls r2

Претходна објаваMercedes ќе произведува автоматски менувачи во Романија
Следна објаваBMW M4 Cabrio: За купувачи на коишто и кабриолетот им е „обичен“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here