Opel Insignia назад во сервис: Капакот може да падне на глава

Opel ги повикува во сервис сите произведени примероци од комби изведбата на Insignia. Кај примероците произведени меѓу 2009 и 2015 година има проблем со задниот капак, кој може да предизвика опасни повреди.

Германскиот производител на автомобили Opel ги повикува во сервис сите произведени примероци од Insignia Sports Tourer. Само во Германија има околу 50.000 примероци што се опфатени во сервисниот повик, а колку дефектни возила има на светскиот пазар уште не е прецизирано. Причина за масовниот сервисен повик е слабиот квалитет на амортизерите што го држат отворен задниот капак, кои поради тоа можат да попуштат и да предизвикаат нагло спуштање на капакот и тешки повреди. Сервисниот повик се однесува на сите примероци произведени меѓу 2009 и 2015 година.

780.000 возила од американските марки на General Motors во сервис поради истиот дефект

Освен Opel се погодени и сите други марки во американскиот концерн General Motors. Поради истиот технички дефект, американската мајка на Opel повикува во сервис 780.000 возила. General Motors има добиено тужби за 56 случаи на тешки повреди поради неквалитетните амортизери што се користат за задниот капак. Принудното упатување со возилото во сервис важи за сопствениците на Buick Enclave, GMC Acadia, Chevrolet Traverse и Saturn Outlook. Кој е производителот на дефектните амортизери уште не е објавено, но очигледно е дека станува збор за евтини набавки на ниво на цел концерн, за вградување во сите марки што му припаѓаат на истиот.

Досега Opel има иницирано три масовни сервисни повици за Insignia. Кај примероците произведени во 2009 и 2010 година имаше проблеми со дволитарскиот дизел. Кај дефектните возила имаше опасност од прегревање на филтерот за честички чад. Во ноември 2010 следеше втор сервисен повик, поради опасност воздушната перница да се одвои од воланот при судир. Во сервис се заменуваше комплетниот модул на воздушната перница во воланот. Во јули 2013 повторно беа повикани возила во сервис, заради проблеми со калибрирањето на контролната електронска единица за дволитарските дизели кај возила произведени мѓу 2009 и 2012 година. Оваа грешка водеше до намалување на моќноста и постоеше опасност од оштетување на моторот.

Претходна објаваГолемата лимузина на Citroen доаѓа во 2018: Прво во Кина, а Европа ако сака
Следна објаваHummer во опасност од пожар: 200.000 примероци на поправка во сервис

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here