Webasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси

Webasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси
Webasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси

Компактни модули за поставување во просторот за патници во автобусите и во другите видови јавен превоз постигнуваат брзо и делотворно пречистување на воздухот, меѓу другото и од вируси, бактерии, аеросоли и честички прав.

Компанијата Webasto, специјалист за системи за греење и ладење во сите видови возила, започнува со продажба на Hepa-системи за пречистување на воздухот, кои се вградуваат едноставно и брзо. Филтерските системи со ознака „HFT 300“ и „HFT 600“ може да се вградуваат во кабината на најразлични возила, на пример во болнички возила, автобуси и трамваи.

Нивната делотворност е пречистување на пет, односно десет метри кубни воздух во минута, од честички поситни од 0,3 микрометри, како на пример вируси што доспеваат до белите дробови, бактерии, аеросоли и честички прав. Степенот на пречистување изнесува 99,995 проценти. системите ќе почнат да се испорачуваат од август преку трговската мрежа на Webasto.

За пречистување кабини со различна големина се достапни две филтерски изведби, едната долга 60, другата 120 сантиметри. Тие деконтаминираат 300, односно 600 метри кубни воздух на час. Во поголеми простории може да се постават повеќе филтри за воздух, кои ќе се распоредат на различни позиции.

Пречникот на филтрите е 20 сантиметри, тежината им изнесува 3,1, односно 5,5 килограми. Тоа дозволува нивно непречено вградување во најразлични услови. За напојување се користи 12- односно 24 волтна мрежа. Замената на филтерите се врши без опасност од контаминација.

Зошто е важно филтерот за полен да се менува редовно

 

Претходна објаваЕвропскиот пазар и натаму во минус, Peugeot и Fiat со најголем пад
Следна објаваБензински V8 за спортското дуо Audi SQ7 и SQ8

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here