за

Бензински V8 за спортското дуо Audi SQ7 и SQ8

Audi ги понуди спортските модели SQ7 и SQ8 во изведба со бензински V8-мотор. Светскиот пазар бара спортски бензинци во сегментот на СУВ-моделите со високи перформанси. Пристигаат и неколку новини во системите за асистенција и вмрежување.

Четирилитарски V8 TFSI со моќност од 507 КС и вртежен момент со врвни 770 њутнметри им стои на располагање на идните возачи на Audi SQ7 и SQ8. Крупните и тешки теренци го совладуваат спринтот до темпо сто за 4,1 секунди, а за меѓузабрзување од 80 до 120 km/h се потребни само 3,8 секунди. Брзината е ограничена на 250 km/h.

Моторот со битурбо натполнење при пониско оптоварување исклучува половина од цилиндрите, со цел да се смали потрошувачката на гориво. Двата Twinscroll-турбополначи го подобруваат полнењето на коморите за согорување, со тоа што го смалуваат контрапритисокот на издувните гасови и ја подобруваат размената на гасовите. Тие се поставени меѓу двата реда цилиндри, со што се скусува патот на гасовите и се подобрува реакцијата уште при ниски вртежи.

Во издувот се вградени две клапни што го менуваат звукот на моторот. Активни држачи на моторот го минимизираат преносот на вибрации до каросеријата, дејствувајќи во спротивна насока од движењата на моторот. На тој начин целосно се спречуваат вибрациите од моторот во кабината.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Осумстепен автоматик и постојан погон на сите тркала quattro ја пренесуваат моќта до тркалата. Audi SQ7 и SQ8 стандардно се опремени со спортска пневматска амортизација, со регулирани амортизери и со управување на сите тркала. При бавно возење, задните тркала се завртуваат за 5 степени спротивно од предните, за смалување на кругот на вртење. Над 60 km/h, тие се завртуваат во иста насока со предните тркала, заради подобрување на управливоста и стабилноста.

Напредните сеистеми во подвозјето и во погонската спрега го заокружуваат спортскиот пакет на Audi SQ7 / SQ8

Уште еден важен дел во подвозјето е електромеханичкото активно спречување на клатењето на каросеријата EAWS. При возење право, системот се грижи за повисок комфор, додека во брзи свијоци го смалува наведнувањето. Во пакетот се наоѓа и спортски диференцијал на задната оска.

Audi SQ7 стандардно вози на бандажи од 20 инчи, опционално има и бандажи од 22 инчи, додека SQ8 користи за по еден инч поголеми бандажи. Предните сопирачки дискови имаат пречник од 400 милиметри. Како опција се достапни и карбон-керамички сопирачки.

Audi SQ7 и Audi SQ8 со 4.0 TFSI стартуваат со продажба наеен. Во Германија, ценовникот почнува соодветно од 93.287,40 евра, односно 101.085,72 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Audi e-tron добива помал брат: Q4 ќе биде и Sportback

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси

Webasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси

Станици на Shell во Хамбург поставуваат полначи за струја

Станици на Shell во Хамбург поставуваат полначи за струја